Повеќе од 30 милиони луѓе во светот се на прагот на изгладнување

24.03.2021 13:41
Повеќе од 30 милиони луѓе во светот се на прагот на изгладнување

Пандемијата, климатската криза и конфликтите допринесуваат кон ризикот од глобален глад, предупредуваат Обединети нации (ОН)

Според организацијата, акутен глад може да се појави во повеќе од 20 држави во наредните неколку месеци,

Цели семејства во Јемен и Јужен Судан веќе се фатени од стегата на гладот, покажува истражување кое ги лоцира најзагрозените региони. Речиси 34 милиони луѓе се борат со високиот раст на акутен глад познат и како „ИПЦ“, односно се наоѓаат на чекор од изгладнување.

Акутниот глад е резултат на конфликтите, климатската криза и пандемијата од Ковид-19, а во одредени места и поради бури и наезда на скакулци.

„Страдањето за храна е алармантно. Неизбежно треба да почнеме да делуваме сега за да спасиме животи и да го избегнеме најлошото можно сценарио“, изјавил генералниот директор на „Фао“, Ку Донгу.

Северна Нигерија, Јемен и Јужен Судан се држави кои се соочуват со катастрофален акутен глад, истакнале агенциите.

Повеќето од местата кои што се соочуваат со глад се во Африка, но има држави и на други континенти како Афганистан во Азија, Сирија и Либан на Средниот исток и Хаити во Јужна Америка и Карибите.

„Во многу региони, започната е сезоната за садење. Мора да работиме и да се тркаме со времето за да не ја пропуштиме оваа прилика за заштита, стабилизација и можен раст на локалната продукција на храна“, изјавил Ку.

„Гледаме како катастрофата ни се случува пред очи. Гладот кој е резултат на конфликт и е подгреан од климатските промени и пандемијата од Ковид-19, чука на вратите на милиони семејства“, изјавил директорот на „ВФП“, Дејвид Бизли.

Извор: The Guardian