Четири наслови препорачува... (4)

25.03.2021 12:02
Четири наслови препорачува...

„Бела слика“, Роберт Раушенберг

Дени Омерагиќ (музичар) препорачува четири омилени уметнички дела.

Ликовно дело: „Бела слика“, Роберт Раушенберг
- Роберт Раушенберг нема што да каже. И со овие слики тоа и го кажува.


Филм
: „My Dinner with Andre“, Луи Мал
- Веројатно најтежок избор што морав да го направам во написов; Сѐ уште гледам повеќе филмови, отколку што слушам музика и читам книги. Имам особена склоност спрема филмовите на Ингмар Бергман и на Вуди Ален. Ама гледајќи го „Мојата вечера со Андре“ пред неколку недели, по втор пат во мојот живот, не можев да ја избегнам онаа квалификација на Роџер Еберт дека ова е филм „целосно лишен од клишеа“.


Книга
: „Исповедни финеси“, Влатко Галевски
- Не чувствувам потреба за псевдо-интелектуални бладања кога станува збор за книги. И најчесто не сакам ништо да научам од нив. Не сакам да сум просветлен, зашто сум инаетчија. И затоа мојот избор е едно целосно непретенциозно, лично и шармантно дело. Влатко Галевски е одличен партнер за „по едно пиво“ (за жал сме изиграле премалку партии), а оваа книга е полн погодок за еден кафеански лаф-муабетчија како мене.


Плоча
: „A Discontinuous Line“, The Vandermark 5
- Првата плоча која успеа да ми ги осветли врските помеѓу сите музички јазици кои ме интересираат; албум кој ме возбуди од првиот удар; незаменлив дел од мојата „крунска колекција“ од десетина албуми проследени од мојот музички партнер Нинослав Спировски, во почетниот период на индоктринација со едно поинакво размислување за тоа што е џез и креативна импровизирачка музика; И му успеа. А можеше да биде кој-било друг албум или проект зашто Кен Вандермарк е бог. Најзначаен музичар жив денес

По четири наслови препорачуваат (3)...

Извор: Култур шог

Блогот „Култур шог“ претставува своевиден семрежен фанзин, кој треба да се смета за уште еден производ на колективот „Братството на дада“ (покрај петте дигитални музички изданија и едниот повеќевидовски настан на кои сме потпишани).

Иако поголемиот дел од содржината издвоена на овој блог е одбрана од наскоро дипломираниот германист И. Ј. У., преку рубриката „4 наслови препорачува...“ тој се обидува во нашиов колектив да ги регрутира сите видни македонски културни работници од сите нејзини области (неколкумина од интервјуираните веќе се застапени на музичките изданија: Дарија Андовска, Ива Дамјановски, Теа Шалдева, Љупа Ангелов, Стефан Вујисиќ, Дени Омерагиќ и Мартин Петковски). 

Блогот преку линкови води до сите останати платформи на кои И. Ј. У. и/или „Братството од дада“ се/биле активни во доменот на прикачување датотеки за светот да ги дознае. Повеќето од музичките изданија се на Bandcamp-овата сметка на „Дајте друго име!“ (чиј SoundCloud-ов линк е лево на дното од блогот), заедно со изданија од поединечни артисти, а рубриката „4 наслова препорачува...“ + дела од членови на колективов се на: randomscrapbook.tumblr.com/tagged/B.+o.+D.

Слични содржини

Книжевност / Култура / Уметност
Книжевност / Култура / Уметност
Книжевност / Култура / Уметност
Книжевност / Култура / Уметност
Книжевност / Култура / Уметност
Книжевност / Култура / Уметност / Настан

ОкоБоли главаВицФото