1008 hPa
76 %
8 °C
Скопје - Саб, 20.04.2024 02:59
Македонскиот актер Луран Ахмети почина на 46 години по компликации од коронавирусот.
Ахмети имаше дипломирано на Факултетот за драмски уметности и беше еден од најталентираните актери во Албанскиот театар во Скопје, каде имаше улоги во голем број претстави.
Последниве години се прослави по своите улоги во дел од најгледаните турски телевизиски серии, а имаше и успешна филмска кариера со улоги во филмовите „Бал-кан-кан“, „Тејкен 2“ и „Лимоната“.
Некои од неговите позначајни театарски и филмски улоги се и:
Долината на стапицата волци (2015-2016), Мутлу Ол Јетер (2015), Величествениот век (2013), Син Јаз-Балкан 1912 (2012), Елведа Румели (2007-2009), Балканска свадба (2009), Пролетни полиња (2009), Нашата единствена (2011), Реис (2011), Каракол – Херкес Адалет Остер (2011).