„Убавината“ - краток филм

27.03.21 15:52

„Фасцинантно, а истовремено  гнасно“ - вака режисерот Паскал Шелбли (Pascal Schelbli) го опишува својот краток филм „Убавината“ од 2019 година. Филмот е предупредување за  неконтролираното загадување на светските мориња и океани со пластичен отпад. Анимацијата го вклопува отпадот меѓу живиот морски свет, како да е дел од него.

И додека го прикажува огромното пространство и таинствените животни на океанот, филмот ги разоткрива подмолните ефекти на микропластиката која влегува во синџирот на исхрана и влијае врз целокупното здравје на екосистемот. 

Извор: thisiscolossal.com

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото