
Ќе се откршам од
овој мој стена живот
и како глуварче
исклучиво тоа
ќе тргнам
во жежок летен ден
на турнеја наречена
ги фаќам за нос претседателите
на држави,
куќни совети,
разни одбори
и хуманитарни здруженија.
Белки ќе ги потсетам на
свилената едноставност
со која ги потпираа
замоците од песок
кога беа
(а дали бea?) деца
посилни од сите
злобни бранови.
Текст и илустрација: Ванчо Полазаревски