Лувр ја стави онлајн целата своја колекција

30.03.2021 12:18
Лувр ја стави онлајн целата своја колекција

Најпосетуваниот музеј во светот, Лувр во Париз, им овозможи на љубителите на уметноста онлајн слободно да влезат во неговата колекција.

Францускиот музеј сподели платформа со сите уметнички дела што се во неговата збирка, односно повеќе од 480 000 експонати.

Веб-страницата прикажува уметнички дела од колекции на осумте оддели на музејот, почнувајќи од исламска уметност и скулптури од ренесансата, до египетски антиквитети и слики од уметници од целиот свет.

„Денес Лувр ги расчистува своите богатства, дури и најмалку познатите“, рече Жан-Лук Мартинез, претседател и директор на Лувр.

„Зачудувачкото културно наследство на Лувр сега е на само еден клик“, додаде тој.

„Сигурен сум дека оваа дигитална содржина дополнително ќе ги инспирира луѓето да дојдат во Лувр за да ги откријат колекциите лично“, смета Мартинез.

Посетителите можат да пребаруваат низ масивните колекции на музејот преку едноставни или напредни пребарувања, записи од куратори или тематски албуми.

Веб-страницата има интерактивна мапа што им овозможува на луѓето да го истражуваат музејот и секоја од неговите уметнички дела, соба по соба.

Карантините поради пандемијата на Ковид-19 го затворија Лувр кон крајот на октомври, оставајќи ги светски познатите уметнички дела без нивните вообичаени толпи обожаватели. Додека музејот сè уште е затворен за посетители, во Лувр  се спроведуваат долго планираните реновирања.

 Извор: CNN