Прв регионален филмски фестивал

31.03.2021 13:34
Прв регионален филмски фестивал

На иницијатива на Сараевскиот филмски фестивал, четири водечки филмски фестивали од четири земји се собираат за прв пат на деветдневниот онлајн фестивал: Се работи за Филмски фестивал во Сараево (Босна и Херцеговина), Загребски филмски фестивал (Хрватска) , Фестивал на авторски филм (Србија) и Филмски фестивал Херцег Нови (Црна Гора).

Овој прв заеднички регионален филмски фестивал ќе се одржи онлајн на ondemand.kinomeetingpoint.ba од 9 до 17 април како дел од Мрежата на фестивали во Јадранскиот регион. Филмовите ќе бидат избрани од селекторите на овие четири фестивали.

„Денес, кога поврзувањето ни е потребно повеќе од кога било, среќни сме што се собравме заедно на првиот регионален филмски фестивал, во мрежата на фестивали во јадранскиот регион. Фестивалите се места за поврзување, собирање и споделување. Особено во овие времиња, ова се клучните работи за обновување на социјалниот капитал, преиспитување на постојните модели на филмска продукција и обликување на нашата заедничка иднина. Фестивалите се места што ни овозможуваат заедно да одлучиме каде сакаме да одиме во иднина и да покажеме дека сите сме дел од истата целина - една филмска заедница. Заедно донесуваме посебно, ново искуство на регионалниот филмски фестивал “, се наведува во заедничката изјава на претставниците на фестивалите. 

На првото издание на регионалниот филмски фестивал ќе биде претставена програма составена од филмови кои публиката инаку нема можност да ги види.

Програмата се состои од југословенски класици, дебитантски филмови, наградени остварувања и  најинтересните европски и светски наслови.

Покрај филмови, публиката ќе има можност да проследи разговори со некои од авторите застапени во програмата.

Фотографија: Сараево филм фестивал

Извор: balkans.aljazeera.net

ОкоБоли главаВицФото