Море

31.03.2021 17:01

Распеан и вџашен пред твојата убавина
стојам на овој позлатен брег од росата
утринaва што ме проби. Толку е блиску твојот поглед
и здивот на телото а сепак чувствувам
дека ми се рацете празни.
Море! Море!
Мируваш неподвижно под сончевиот ѓердан.
Корија од огледала. Спокојност насмеана.
Затоа никој не знае што криеш притаена
во недопирната бездна на своите длабини темни.
И што можам јас жено пред твоето спокојно море
ветер сум кусовечен оддалеку што иде.
Го гасам постојано тоа површинско горење
со своите раце од дожд со телото од бура.
Во таа голема игра на непостојаноста убава
земја си на која стојам со своите стапки од небе.
Секоја стапалка од играта ја галам со своите раце
во таа изгубена залажаност дека те имам тебе.
А ти море секогаш само на врвот се мрешкаш
никогаш не откривајќи ја тајната на својата длабина темна
затоа набргу прекратува нашата темна игра
или од мојата умора или што ти е здодевна.
Тогаш одлетувам со своите скршени крилја
залажан од убавината уморен од таа игра
во пејзажите на вечноста од каде не се враќа.
А ти остануваш. Жено. Ти море постојано
вечно подадено само на бакнежот на сонцето.
А ние сме само ветришта од својата игра исцедени
птици сме што гинат од својата песна.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото