Четири наслови препорачува... (5)

01.04.2021 14:49
Четири наслови препорачува... (5)

The Climax, Aubrie Beardsley 

Теа Шалдева (музичарка) препорачува четири (минус едно) омилени уметнички дела.

Ликовни дела: илустрациите на Обри Бирдзли
- Има нешто навистина перверзно, возвишено и мајсторски скриено кога ги гледам овие илустрации, а ме зјапа директно во очи. Не би се дрзнала да го опишувам со зборови ова понатаму: нема да навлегувам ни во техниката ниту во причината за овој избор, бидејќи има нешто што ме возбудува под тие тешки црни линии врз белата основа. Пресудете сами.

Филм: „Bis ans Ende der Welt“, Вим Вендерс
- Беше тешко да се одбере еден наслов на оваа категорија, па во обид да ја избегнам претенциозноста, решив да изберам инстинктивно. Со години се “уфилмував” и го користев името на главната хероина како username натаму наваму, сакајќи да мислам дека сум храбра жена-камелеон која тргнува во една светска љубовна авантура, честопати патувајќи повеќе низ соништата отколку низ реалноста. Пишувајќи ја претходнава реченица, почнав да се разбирам себеси и зошто тој концепт ми се чинел така привлечен.

Книга: „Сто години самотија“, Габриел Гарсија Маркез
- По бајките на браќата Грим и по грчките митови, кои како мала ги препрочитував како будала, ова е книгата која паметам дека длабоко ме потресе и низ чии живи редови патував сто пати. Нормалното е магично, а магичното сосем нормално, на еден спретен и волшебен начин - но попусто ќе зборувам за тоа, бидејќи не сум критичар на книжевноста, туку обичен обожавател на бајката со која Маркез ми го освои срцето пред многу години.

Плоча: „Sacrificial Cake“, Жарбо
- Навистина премногу плочи ми се знајачни и уште толку ќе ми стануваат, па и ова беше зафркнат избор во оваа споменар рубрика. Го одбрав „Sacrificial Cake“ на Жарбо бидејќи е за мене сосема интимен избор, саундтрак кој одекнувал во мојата темнопурпурна соба, кој ме смирувал и носел… натаму наваму. Бил тука за мене да ми ја разбранува или смири реалноста - каква и таа да била во тој момент.


Извор:
Култур Шог 

Слични содржини

Книжевност / Култура / Уметност
Книжевност / Култура / Уметност
Книжевност / Култура / Уметност
Книжевност / Култура / Уметност
Книжевност / Култура / Уметност
Книжевност / Култура / Уметност / Настан

ОкоБоли главаВицФото