1018 hPa
86 %
-2 °C
Скопје - Чет, 19.02.2026 01:27
Мислам дека како новинари, посебно ние кои информираме на дневна основа, во оваа „вакцинална војна“ исправени сме пред еден од најголемите предизвици – како да информираш, а да не создадеш паника, како да пишеш нешто, кога пред само 20 минути си објавил нешто дијаметрално спротивно, како да известуваш објективно при толку различни информации?
Сакаш да знаеш дали АстраЗенека е безбедна? Ако сакаш позитивен одговор, отвори британски медиум. Ако сакаш негативен, отвори германски. Ако сакаш да се збудалиш, гуглај, па отворај ги сите. Ако сакаш да се здрвиш од страв, напиши „deaths from vaccines”.
Ние се збудалевме, и признавам дека со тоа ги збудалевме и граѓаните.
Мери Јордановска, Окно, 02.04.21.