Призракот на материјата

05.04.2021 14:55

Весел демон сенка со пипала дави,
Де, нека го.
На збрчкани гранки презбрчкани глави.

Сегашноста лежи под црвен превез.
Од јама на очај иднината реве.

И небото има суро име – Балкан.
По крвави лочки безнадежно талка.

Од крст Исус паѓа за нов божји показ.
Во крчма од коски жив песок ќе лока.

Грблест паун в батак. Над рид крилест бивол.
Пие Исус в олтар до веселба урнат.
Еба ти го, рече, светечкиот живот.
И в празно се нурна.

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото