Нема никогаш да ги натерате да се вратат

05.04.2021 14:59

Тоа што има толкав број етнички Албанци кои се иселиле од Македонија во последниве 20 години е благодарение на ДУИ и сите албански партии. Тие побегнале и бегаат од државата која ја управуваат овие партии.

Тие не се иселиле за да зборуваат на албански јазик, туку зашто сакале да живеат во држави каде што нема мафијаши од кои им зависи животот и кариерата и запослувањето.

Побегнале за да живеат во држава во која владее правото, а не привилегии поврзани со бакнување рака на мафијашкиот вожд.

Може да ги попишувате до злабога, но нема никогаш да ги натерате да се вратат.

Не е до јазикот, до цивилизацијата е.

Мирјана Најчевска, Фејсбук, 03.04.21.