Секој има право на свое мислење за минатото

07.04.2021 15:51

За почеток, она што ни треба е консензус дека секој има право на свое мислење за минатото и дека е важно да бидеме обединети во одбрана на сегашноста: нашата македонска нација, јазик и држава. За да го оствариме тоа, треба да ги пресликаме во нашиот дијалог лежерноста и благиот цинизам својствен за западните историчари кога зборуваат за минатото на сопствените народи.

Оти, да не заборавиме на зборовите на Пол Валери, француски политички мислител кој во својот есеј „За историјата“, напишан во 1911 вели: „Историјата е најопасниот продукт кој се развил од хемијата на интелектот. Нејзините својства се добро познати. Предизвикува соништа, труе цели народи, им дава лажни сеќавања, ги забрзува нивните рефлекси, им ги држи отворени старите рани, ги мачи и кога одмораат, им создава илузии или за величина или за прогонетост и ги прави нациите огорчени, арогантни, неподносливи и суетни.“

Денко Малески, Плус инфо, 06.04.21.