Полковникот Хантер е кукавица!

08.04.2021 12:42
Полковникот Хантер е кукавица!

Србите се потсмеваа! - овие Англичани очигледно се кукавици. Кога полковник Хантер, откако не успеал да обезбеди пристојно сместување, им се заканил на властите дека ќе ја напушти Србија доколку и само еден од неговите луѓе умре од тифус - изби бура на подбивање. Полковник Хантер е кукавица! А и Американците, исто така, биле кукавици кога со половина свои заразени војници ја напуштиле Гевгелија. Преземањето на превентивни мерки за Србите било доказ на страшливост. Пустошењето на епидемијата тие го гледаа со некој вид мрачна гордост - како што средновековната Европа гледала на чумата. 

Англичаните ја убедиле српската влада да го сопре целиот железнички сообраќај во рок од еден месец за да се спречи ширењето на болеста; потоа наредиле преземање на санитарни мерки во валканите градови, завеле задолжителна вакцинација против колера и почнале да дезинфицираат цели слоеви од населението.  

Извор: Džon Rid, „Rat u istočnoj Evropi” (1916), поглавје „Zemlja smrti”.

 

ОкоБоли главаВицФото