Северниот пол е новиот светски фронт

27.05.2009 12:33
Северен пол

Земјите од Арктичкиот круг ги прекројуваат границите, а влоговите се големи: кој ќе добие повеќе, тој добива право на експлоатација на невидени и нечепнати богатства.

„Нашата најважна задача е да го претвориме Арктикот во извор од кој ќе ги црпиме енергенсите за 21 век“, неодамна изјави рускиот претседател Дмитриј Медведев, откако кон Северниот пол испрати нови воени бродови кои ќе „помогнат да се бранат руските интереси на Арктикот“.

Точно сто години откако американскиот истражувач Роберт Едвин Пири објави дека го освоил Северниот пол, руските разузнавачи во својот извештај објавен минатата недела претпоставуваат дека на светскиот покрив во наредните десетина години може да дојде до војна.

Последното парче недопрена бела дивина ги крие и последните залихи нафта и гас во светот, дури 25% од светските резерви, длабоко под морското дно.

Подморници во патрола

Бидејќи светските резерви на нафта сè побрзо се намалуваат, а арктичките стануваат сè подостапни поради топењето на мразот, борбата околу поделбата на тоа богатство станува сè пожестока. Зошто Русија е смртно сериозна во врска со Арктикот е сосем јасно: тој е голем колку западна Европа и содржи околу десет милијарди тони нафта и гас. А војни се воделе и за многу помалку.

Руските барања се оспорувани од останатите арктички земји: Канада, САД, Норвешка и Данска со Гренланд. Наградата за која се натпреваруваат е голема: станува збор за дури 100 милијарди барели нафта и 44 милијарди барели гас. Затоа поларните мечки се навикнаа на нарушувањето на нивниот мир од руските „научни“ подморници, канадските „извидувачки“ авиони и американските „патролни“ бродови.

 

Но за дополнително да се осигураат дека ќе го добијат својот дел од колачот, споменатите земји таму испратија и свои вооружени сили. Иако многумина можноста за војна за ресурсите на северот, без оглед на отворените најави на руските, но и на британските аналитичари, ги отфрлаат како научна фантастика, низ северното ледено царство одамна патролираат руски и американски воени бродови и подморници со нуклеарни боеви глави.

По клучните точки долж поларниот круг никнуваат воени бази. Канада неодамна основа посебна арктичка единица и ја зајакна северната воздушна флота, а нејзиниот премиер Стефан Харпер изјави дека за одржувањето на сувереноста на Арктикот вреди мотото “use it or lose it“ (користи го или изгуби го). И така, на покривот на светот сè поочигледно се поставуваат цртите за војна за стотина милијарди долари вредните ресурси.

Економска зона

Во моментов Северниот пол лежи под меѓународни води и е под надлежност на Обединетите нации. Пет земји чии крајбрежни граници гледаат кон Арктикот имаат право да ја искористуваа економската зона која се протега 200 наутички милји (околу 370 км) северно од нивниот брег. Сето вон таа зона претставува ничија земја. Но според правилата на Конвенцијата на ОН за правата на искористување на морињата, земјата може да ја прошири својата економска зона ако докаже дека нејзиниот епиконтинентален појас се протега вон тие граници. Со други зборови, доколку докаже дека постои природно продолжување на нејзиното копно. Со тоа се стекнува со правото на искористување на природните богатства и истражување на морското дно.

Русија го започна натпреварот во 2001 година, кога од ОН побара проширување на економскиот појас, односно проширување на границите во кои има исклучително право да ги користи природните богатства. Утврди дека и’ припаѓа половина од Арктикот, вклучувајќи го и самиот Северен пол.

 

                                                      Гребенот Ломоносов

Руските аргументи се дека нивното копно од најсеверната точка на земјата е поврзано преку гребенот Ломоносов. русите уште во далечната 1926 г. имаат изјавено дека им припаѓа триаголната територија меѓу Мурманск и Чукотскиот полуостров на крајниот североисток на Азија и Северниот пол, но нивните тврдења беа отфрлени од другите арктички земји.

Летото 2007 г. Москва испрати нуклеарно вооружен мразокршач со 50 научници и еден куп сеизмичка опрема за да го снимат и проучат морското дно. По 45 дена научниците објавија дека нашле докази за руските барања, по што Кремљ испрати подморница која го забоде руското знаме од сибирски титаниум на дното под Северниот пол, на 4261 метар под ледената површина, а телевизискиот пренос на руското „обележување на територијата“ ги разлути другите држави.

„Па не се наоѓаме во 15-тиот век! Не можете да одите низ светот, да забодувате знамиња и да викате: Ова е мое!“, критикуваше тогашниот канадски министер за надворешни работи Питер Меккеј, а САД исто така протестираа поради средновековните методи. Досега Канада беше дури поагресивна и од САД во истакнување на својот суверенитет на Арктикот, а борбата за својот дел ја подвлече како еден од националните приоритети. Веќе одредено време се чести канадските конфликти со Русите чии авиони сè почесто се доближуваат до канадскиот воздушен простор.

Поради тоа Канада ја зајакна својата флота на северната граница и дури им го отежна доделување визи на руските државјани во знак на протест поради „руската алчност“. Канадската конзервативна влада изјави дека „мирољубиво ќе соработува“ со останатите поларни нации, ама нема „ да се двоуми за да го одбрани својот суверенитет на таа територија“.

 

Што сака Норвешка

Уште еден претендент на арктичките пространства е Данска заедно со бившата автономна покраина Гренланд. Врските меѓу овие две земји сè уште се многу силни, а Гренланд е земја која се наоѓа најблизу до Северниот пол, исто така, наводно поврзана со него преку гребенот Ломоносов. Данците испратија експедиција која требаше да собере докази за тврдењето, но повеќето се согласуваат дека во можниот иден судир со Русија пред сè ќе надвладеат мускулите одошто правото.

Што се однесува до Норвешка, глобалното затоплување и’ даде прилика да се здобие со влијание кое ја надминува нејзината величина. Останатите големи светски сили кои се гладни за енергија и кои бараат начин да се дограбат до арктичките богатства, многу е веројатно дека ќе се обидат за тоа преку Норвешка, односно, Баренцовото море. Неодамна Норвешка беше посетена од Индискиот министер за енергетика, а се предвидува дека би можела да стане главен снабдуваш и за Кина. „Имаме множност да станеме отскочна штица за Арктикот“, сметаат во Норвешка. Сепак тие го поддржуваат заедничкиот договор за умерена и контролирана експлоатација за да не се доведе околината во опасност од загадување.

Според проценките на американските научници, територијата која преку брегот на Алјаска би можеле САД да ја побараат изнесува колку сојузната држава Калифорнија. Но САД сè уште не ја ратификувале конвенцијата на ОН, оа не можат службено да учетсвуваат во поделбата. Освен тоа, САД и Канада имаат несредени сметки во врска со тоа кој полага право на Северозападниот премин по кој после топењето на мразот би можело непречено да се плови и кој би станал многу важна поморска рута.

 

Вооружени судири на Арктикот

Наводно Русија се подготвува да побара ревизија на договорот со САД за договорената граница во Беринговото море. А пред неколку недели Русија дополнително ги загреа нештата. Во руската безбедносна стратегија се истакнува дека натпреварот околу арктичките ресурси станува сè пожесток и претставува можен извор на потенцијален воен судир.

„Постоењето и можната ескалација на вооружени судири во близина на арктичките граници, како и нерешените морски гранични прашања претставуваат закана за руската безбедност“, се наведува во анализата на безбедносните закани за Русија до 2020 година.

Стратегијата ја одобри рускиот претседател Дмитриј Медведев, а беше составена од Советот за безбедност во кој учетсвува и премиерот Владимир Путин. Исто така, зголемени се средствата за зајакнување на арктичките сили и најавените нови бази.

Извор: Jutarnji list

Северен Пол

Мразокршачот не е „нуклеарно вооружен“ туку е на атомски погон.

На патот низ небесните тела

На патот низ небесните тела ќе се судрит со еден астероид и тој ќе ја сменит certification dumps својата насока и ќе се насочит кон
земјава. Во мисија за спасување на светот ќе тргнат Чак Норис и Александар Македонски, но таа ќе се покажит ко неуспешна и крајот ќе бит неизбежен. И додека светот ги одбројуват 70-271 braindumps своите последни моменти пред својот крај, на прес-конференција ќе излезит Бичиклиски каде ќе изјавит - Почитувани, и самите можете да видите дека нашата влада работеше напорно на развој на светот и подобрување на меѓусебната соработка, толеранција и разбирање и резултатите mcse braindumps 70-290 беа фантастични и целиот свет го валоризираше нашиот труд на изборите, но сега ќе мораме да потклекнеме на самоволието на еден човек поради кој светот каков што го познаваме ќе престане да постои. Почитувани, пред да нè мавне астероидот имам само едно нешто да ви кажам - Бранко е крив!!!“.И после сето ова ќе ми дојт Дедо Мраз од негде и ќе ми врзит два-три шамари по што јас ќе се разбудам и 70-432 free dumps ќе сфатам дека сè уште живеам во жална Македонија која не ја сакет ни во НАТО ни во ЕУ. Добро... бар не ни требат визи за да забегаме сеа...

ОкоБоли главаВицФото