Да го закопаме јазичниот проблем

21.12.2010 13:07
Да го закопаме јазичниот проблем

На иницијатива на бугарскиот ПЕН-центар и неговиот македонски брат, на виделина се појавија две антологии - на современата македонска поезија и на бугарската лирика. Во нив се вклучени стихови само на редовни и вистински членови на двете организации. Ова формално ограничување за прв пат во неколку години собра на едно општонационално место (во антологијата на македонски јазик) дел од „сините“ и „црвените“ бугарски поети, кои инаку дури и формално не комуницираат меѓусебно. Идејата за „размена на националните поетски знаменца“ преку издавањето на двете збирки и’ припаѓа на г-ѓа Невена Стефанова. Таа е составувач и автор на предговорот во македонското издание, а исто така уредник и преведувач на издадената антологија кај нас.

На почетокот бев привлечен од идејата само како издавач на „антологија на современата македонска поезија“, но за време на подготовките за издавање се појави потребата да учествувам и како преведувач. Притоа - со најмногу преводи. Причини за тоа? Многу природни и малку очекувани – колегите, кои лекомислено се ангажираа да ги „препишат“ директно за печатење македонските текстови, почнаа еден по друг да ми ги враќаат оригиналите со извинувањето дека „некои работи“ воопшто не се разбираат. Овие „некои работи“ се покажаа доста во квантитативна смисла и се појави потребата македонскиот поет Ефтим Клетников да ни биде специјално доделен нам, за да ни помогне во објаснувањето на одделните зборови, пасуси, зборовни конструкции, нијанси итн.

Тој пристигна вооружен со два речника - руско-македонски и француско-македонски, и за три дена успеа да си отвори јазична инка кон повеќето текстови, па заедно направивме стотина уточнувања, а исто така го наговори Борис Мисирков да преведе една третина од антологијата и си замина без речниците. Зашто не успеавме да ја завршиме работата докрај. Борис Мисирков, неспорниот мајстор во преводот на проза од руски јазик, знае српскохрватски, и веќе превел неколку македонски повести и раскази, а по читањето на нему предадените поетски текстови, исто така ми ги врати назад без можност за приговор од моја страна.

„Како прво“, рече тој, „дел од овие стихови се непреводливи поради реалиите кои ништо не им значат на нашиот читател; како второ - не разбирам сè и многу зборови воопшто ги нема во речникот; како трето - тоа што дедо ми ја измислил македонската азбука, не значи дека можам да ја преведувам современата македонска книжевност без помош и објаснување на самите автори. Ако се живи. Каде ќе ги барам толку многу поети, за да го прашувам секој од нив што сакал да каже со оваа или онаа метафора? Преводот на поезијата е друга работа и би се нафатил да помагам само како консултант.“ И откако го кажа ова, замина за Казахстан.

Така Мисирковиот дел од антологијата неочекувано се врати кај мене. И тогаш започна вистинскиот од по маките. Треба веднаш да кажам дека во македонската антологија, избрана и уредена од акад. Старделов, водечки мотив е локалното, регионалното, националното, историско-фолклорното, историско-географското, со еден збор - типично македонското. Во антологијата се вклучени стихови, многу блиски до македонската народна песна, до народната традиција, до посебниот македонски начин на изразување и карактерно портретирање. Оттука започнаа и некои од потешкотиите - настани, места, обичаи, дијалектни варијанти и алузии, поими на лексичко и смисловно ниво кои ништо не значат кај нас, непреводливи карактеристики на јазично, а не на стилско ниво.

Излезе дека за овие близу педесет години, книжевниот македонски јазик од коминтернска мечта станал реален факт пред кој нема зошто да стоиме со закопана глава в песок. Повеќето хистерични негирачи на овој факт едвај да прочитале нешто повеќе на литературниот македонски јазик освен новински текстови. Белетристиката и особено поезијата на македонските писатели во голема мера се неразбирливи. И тоа, не поради „србизмите“ со кои сме навикнати да ја објаснуваме конечната поделба на двете книжевни јазични варијанти, туку поради старословенските, дијалектните и чисто регионалните, т.е. чисто македонските разлики. Тие ни создадоа тешкотии во „препишувањето“ на „адаптацијата“ од „оригиналот“. На битово рамниште проблеми речиси нема - дај ми леб, имаш ли пари, каде живееш... Колку и да не им се верува на нашите патриоти, македонскиот литературен јазик толку се оддалечил од бугарскиот брат што требаше да бараме помош од македонско-француски и македонско-руски речници, за да го најдеме вистинскиот еквивалент на одделни зборови, фрази и значења .

И така, во антологија сретнав и поети, кои човек може да преведе и со затворени очи. Кај нив поезијата е заменета со поетска графика, стихот е бел, слободен и ослободен од обврските да се нарекува убава литература. Но тие беа поединци, исклучоци од општото ниво, особено таму каде што и метриката, и римите, и универзалниот дух на уметноста се на европска височина.

Тешкотиите се појавија и поради зборовите и поимите од нашиот литературен јазик, кои во македонскиот имаат или добиле сосема други значења. Но, мојата цел не е да ги објасниувам разликите и сличностите, еднаквостите и разгранетоста во развојот на јазичното дрво. Најважно за мене е правото на секој човек, писател или читател, да се самоопредели како националност, како јазична припадност, како поединец.

Нека ја видат нашите шовинисти објективната реалност со очи на човекот од крајот на XX-от век. Да ги прифатиме македонските браќа такви какви што сакаат да бидат, а не да ги пцуеме со мајка, бидејќи таа мајка е и наша мајка. Нашата судбина - историска, политичка, философска и филолошка - веќе е различна, одвоена. Судбината посакала да нè раздели, па затоа, да ги надминеме емоциите и мирно да ги прифатиме фактите. Македонија повторно одамна не е наша и никогаш повеќе нема да биде наша. Но може да биде наша сестра, рамноправна во однос на нашата заедничка историја, култура, азбука, во нашите заеднички песни, приказни, митови, чисто балкански сличности. Време е да го закопаме проблемот со јазикот и да го испушиме лулето на мирот. Време е и на Балканот да заживееме како Европејци, а не како идеолошки дивјаци.

При ненадејната, но долгоочекуваната смрт на комунистичката идеологија, многумина Бугари од номенклатурата останаа без внатрешна мотивација за борба против Нешто. Генерално и општеството ни остана без својот американски сон наречен реален социјализам. Затоа македонското прашање повторно се балканизираше, дури и на интелектуално ниво. Заплетканиот случај со македонскиот јазик е скапоцена доза дрога за овие луѓе. Болката по Македонија како поранешна бугарска територија одамна не е толку голема и актуелна, колку што сакаат да ја прикажат денешните националисти. Дури и најголемите од нив си имаат јасна претстава дека сегашното територијално статус кво е конечно и непроменливо. Останува само јазикот. Наш е, велат тие, и само наш.

Да, но тој разговорен и писмен македонски јазик не е мојот писмен и разговорен бугарски јазик. Се разбираме одлично, немаме потреба од преведувач, ниту ние кршиме јазик на македонски, ниту Македонците си кршат јазик кога зборуваат бугарски. Во последните 50 години се родени неколку генерации со македонска самосвест и колку и да ни е тешко, за нив сме Бугари. Треба да престанеме да гледаме на Македонија како на Мала Бугарија, треба да престанеме да се однесуваме како Мајка Русија кон своите помали словенски браќа. Има македонски Бугари, има бугарски Македонци, но има и македонски Македонци. И пред да викнеме дека царот е гол, да ги погледнеме наоколу своите срамни работи - нашите деца, за разлика од македонските, не ги знаат и не ги пеат не само нашите македонски песни, туку не знаат и не ги пејат ниту добруџанските, ниту родопските, ниту тракиските, ниту мизијските, ниту шопските песни.

Ајде да видиме колку бугарско е останато кај нас и дури тогаш да погледнеме во душата на комшијата. Колку луѓе кај нас имале можност во последниот половина век да прочитаат некој македонски роман или повест, колку Македонци со своите очи виделе бугарски книги? Педесет години се преправавме дека не се познаваме, и конечно се покажа дека навистина веќе не се познаваме. Вештачки или природно создаден, македонскиот јазик живее, расте и се збогатува одделно од нашиот литературен јазик. На него пишуваат и читаат милиони браќа и сестри, со него тие си го живеат битот и битието.

Македонскиот и бугарскиот биле една целина. Добро. Ама веќе не се. И проблемот не е дали ќе пишуваме „превод од“, „адаптација од“, дали ќе се криеме зад секакви еуфемизми. Проблемот е што не си ги познаваме книжевностите, културите, проблемот е дали она што го пишуваме е доволно општочовечко и на високо естетско ниво за да биде европско и светско... Не се плашам дека ќе ме наречат национален предавник. Предавство е господ да те направи човек, а ти да риеш со копита како животно и да мукаш научени митологеми. Бидејќи сме имале заедничко минато и некаква заедничка сегашност, да му се довериме на европското во себе и неговата иднина. За жал, македонскиот комунизам создаде од една нација две реалности, а советскиот модел кај нас од бугарскиот народ направи една нација која отсуствува.

Ќе завршам со две признанија на моите колеги, поети од Македонија. Ефтим Клетников ми раскажа: „Секој Македонец одеше со четири капи. Ако поминеше Србин, ставаше српска капа, поминеше ли Бугарин, ставаше бугарска капа, поминеше ли Грк, ставаше грчка капа, а ако е Албанец - албанска капа. Наша капа си немавме, бидејќи секој сакаше да нè управува.“

А Михаил Ренџов, силен поет, пејач и кавалџија, додава: „Пред повеќе од 50 години читавме бугарски книги. Во библиотеките ги имавме Вазов, Ботев, сите класици. Дојдоа и ни рекоа - сите да се изгорат. Ги запаливме. Потоа дојдоа други и ни рекоа – сè што е српско да се изгори. Го запаливме. На крајот дојдоа партизаните и рекоа - сè што е попско да се изгори. Го запаливме. И останавме без ниту една книга. Без ниту една страничка. И јас пишувам, пишувам, пишувам, по изминати години гледам - друг го напишал во друга земја. Пак пишувам, пишувам, пишувам - па гледам: друг го напишал пред мене. Многу едноставни и неуки бевме, а Србите - седум нивоа над нас. Тие ни помогнаа многу да се воздигнеме. Ех, мако, мако, земјо македонска!“

Во заклучок ќе ја додадам и забелешката на гореспоменатиот Борис Мисирков. На моето прашање до каде се протега бугарското население, тој лаконски ми одговори: „Дотаму каде што те пцујат по мајка. Онаму каде што те пцујат по ’твојата вера’, веќе се Срби!“

Извор: www.online.bg/kultura

Слики: Ким Сунг Џин

Odliccen tekst no ne mozzev

Odliccen tekst no ne mozzev da odoleam a da ne go komentiram/koregiram (anonimniot?) prevod od bugarski na makedonski na tekst koj tokmu zboruva za tesskotiite pri preveduvanneto od makedonski na bugarski. Occigledno, makite se sliccni i za nassite preveduvacci.

Podolu se navedeni izvadoci od originalot so podvlecceni zborovi/frazi koi, spored mene, bi mozzele da se prevedat poverodostojno. Po sekoj izvadok od originalot, sleduva mojata sugestija za ispravka vo zagradi (i napissan na latinica, occigledno...).

Pozdravi!

=========================
Original:

“Той пристигна въоръжен с два речника - руско-македонски и френско-македонски, успя за три дни да си отвори езиковата фуния към повечето текстове, направихме заедно стотина уточнения, придума Борис Мисирков да преведе една трета от антологията и си замина без речниците.”

Prevod:

"...а исто така ни предложи [go nagovori] Борис Мисирков да преведе една третина од антологијата и си замина без речниците.

=========================

"Борис Мисирков, безспорният майстор в превода на проза от руски, знаещ сърбохърватски, преборил се вече с няколко македонски повести и разкази, след прочита на подадените му поетически текстове също безапелационно ми ги върна обратно."

"Борис Мисирков, неспорниот мајстор во преводот [prevod] на проза од руски јазик, знае српскохрватски, и веќе превел [ima prevedeno] неколку македонски повести и раскази, а по читањето на нему предадените поетски текстови, исто така ми ги врати назад [vrati] без можност за приговор од моја страна."

=========================

"Оттук започнаха и някои от трудностите - събития, местности, обичаи, диалектни варианти и препратки …"

"Оттука започнаа и некои од потешкотиите - настани, места [oblasti/podraccja], обичаи, дијалектни варијанти и врски [aluzii]…”

=========================

“И не заради "сърбизмите", с които сме свикнали…”

“И [toa] не поради „србизмите“ со кои сме навикнати…”

=========================

“Те ни създадоха трудности при "пренаписването" на "адаптацията" от "оригинала".”

“Тие ни создадоа тешкотии во „препишувањето“ [prenapissuvanneto] на „адаптацијата“ од „оригиналот“.”

=========================

Е, в антологията срещнах и поети, които човек може да преведе и със затворени очи.”

И така [Navistina ili Dodussa], во антологија сретнав и поети, кои човек може да преведе и со затворени очи.”

=========================

“Нека нашите шовинисти видят обективната реалност с очите на люде от края на XX век.”

“Нека ја видат нашите шовинисти објективната реалност со очите [occi] на народот [ccovek ili lugge] од крајот на XX-от век.”

=========================

“…защото тази майка е и наша майка.”

“…бидејќи оваа [taa] мајка е и наша мајка.”

=========================

“Но може да бъде наша сестра, равноправна по отношение на общата ни история…”

“Но може да биде наша сестра, рамноправна во однос на нашата општа [zaedniccka] историја…”

=========================

“Затова македонският въпрос отново се балканизира, дори на равнище на интелектуалци.”

“Затоа македонското прашање повторно се балканизираше, дури и на интелектуално ниво [meggu intelektualci].”

=========================

“Болката по Македония като бивша българска територия отдавна…”

“Болката во [za ili po] Македонија како поранешна бугарска територија одамна…”

=========================

“Да, но този говорим и писмен македонски език не е моят писмен и говорим български език.”

“Да, но овој [toj] разговорен и писмен македонски јазик не е мојот писмен и разговорен бугарски јазик.”

=========================

След като сме имали общо минало и някакво общо настояще…”

Откако [Bidejkki] сме имале заедничко минато и некаква општа [zaedniccka] сегашност…”

Благодариме на укажувањата и

Благодариме на укажувањата и забелешките кои ни помогнаа да ги исправиме ненамерните грешки во преводот.

одличен текст и одлична

одличен текст и одлична забелешка :-)

А кој е преведувачот?

А кој е преведувачот?

Преведувач е Ѓорѓи Крстевски,

Преведувач е Ѓорѓи Крстевски, уредник на Окно, кому специјалност му е рускиот, а не бугарскиот (оттаму, во брзото преведување, и грешките). Еве благодарност и од мене кон внимателниот и конструктивниот читател (камо среќа повеќето да сте такви:).

Да, има некои недоречености

Да, има некои недоречености во преводот, но не би ги прифатил сите корекции на Georgi. Инаку, одличен текст, го имав прочитано одамна, на бугарски, и баш се чудев зошто не е преведен. Одлична работа сте направиле, нека видат дека не сите Бугари имаат рогови.

Вселенец, има уште неколку

Вселенец, има уште неколку ситни пропусти
во преводот (толму како "прости") во ме заинтригира
кои сугестии не би ги профатил?

Поздрави

“Е, в антологията срещнах и

“Е, в антологията срещнах и поети, които човек може да преведе и със затворени очи.”

“И така [Navistina ili Dodussa], во антологија сретнав и поети, кои човек може да преведе и со затворени очи.”

=========================

“Нека нашите шовинисти видят обективната реалност с очите на люде от края на XX век.”

“Нека ја видат нашите шовинисти објективната реалност со очите [occi] на народот [ccovek ili lugge] од крајот на XX-от век.”

Во првиот случај може да остане „И така“, иако тоа „е“ не би морало да се преведува, може да остане исто како оригиналот, а „очи на луѓе од крајот на XX-от век“ би било подобро во вториот случај, исто така „този“ е поскоро „овој“ одошто „тој“.

И „върна обратно“ е

И „върна обратно“ е посоодветно да си остане преведено како „врати назад“, а не само врати.

Интересно е дека токму

Интересно е дека токму преводот на „Е“ со „И така“ беше една од првите работи што ги забележав.

Извикот „Е“(како граматичка категорија интерјекција) во овој контекст, на бугарски укажува дека она што следи е контра-пример на претходно кажаното. Со контра-примерот се потцртува дека преходно кажаното е правило а тоа што следува е исклучок.

Од друга страна „И така“ нема такво значење во македонскиот јазик и затоа сугерирав „Вистина“ или „Додуша“ а можам да додадам и „Иако“ или „Не дека...“.

Без сомневање, информацијата дека Румен „во антологија[та] сретна[л] и поети, кои човек може да преведе и со затворени очи” ќе биде разбрана, но богатсвото на еден јазик е токму во семантичките нијанси.

Втората забелешка не ја разбрав затоа што „со очи на луѓе од крајот на XX-от век“ е една од опциите што јас ги предложив како подобар превод од “со очите на народот од крајот на XX-от век”.

На крај, како ќе се преведе „този“ зависи од контекстот и не може едноставно да се каже дека „овој“ е подобар превод од „тој“.

Поздрави!

„Е“ може потполно исто и кај

„Е“ може потполно исто и кај нас да се употреби. „Е, сум видел и добри луѓе од тој град“ - демек повеќето се лоши. Да, се слагам дека таа опција е подобра од понудената, но превод речиси ист со оригиналот во тој случај би бил најсоодветен и мислам дека во дадениот случај „този“ е посоодветно да се преведе како „овој“.
И „поздрави“ би го превел со „поздрав“ :)

Ми се чини дека малку

Ми се чини дека малку застранивме од темата така што ова е мојот последен коментар на темава.

Нема еден „даден случај“ во текстот; „тези/този/тази“ се појавуваат десетина пати во оригиналот во различни контексти а во преводот систематски беа преведени со „овие/овој/оваа“.

Поздрави

А би додал и „Многу

А би додал и „Многу едноставни (прости) и неуки бевме, а Србите - седум нивоа над нас.“ И во последната реченица, мислам дека кај нас се вели ти пцујат мајка, ти ја пцујат твојата вера, а не те пцујат по мајка/вера.

Надежен е авторот. Уште

Надежен е авторот. Уште малку, и може целосно ќе прогледа.

Слични содржини

Општество / Балкан / Теорија / Историја
Општество / Живот / Историја
Балкан / Култура / Теорија / Историја

ОкоБоли главаВицФото