Винтиџ илустрации за басните на Езоп

09.04.21 14:25

Басните на Езоп, антички грчки роб и раскажувач кој живеел помеѓу 620 и 560 пред.н.е., се едни од највлијателните наративи на човештвото. „Тој ги искористил скромните случки за нè да научи на големи вистини“, напишал грчкиот филозоф Филострат за Езоп, и навистина овие басни ги истражуваат најсложените аспекти на човечкиот морал и неговите неуспеси - измама, алчност, суета, нетрпеливост, егоизам, кукавичлук... - низ навидум едноставни приказни со животни како протагонисти.

Самите басни не биле запишани за време на животот на Езоп и неизвесно е како точно останале светски доминантни наративи од античка Грција до денешно време. Иако основните приказни за моралот се одржале низ вековите, приказните се прераскажувале и преосмислувале одново и одново, а меѓу најмагичните аспекти на нивната постојана реинвенција е уметноста на нивното илустрирање. 

Тешко дека има поубава визуелна претстава на басните од онаа на Алис и Мартин Провансен ( Alice and Martin Provensen), чијшто дар за обликување во визуелна магија на најголемите наративи во историјата ги опфаќаат Хомер,  класичните бајки и Вилијам Блејк.

Во 1965 година, речиси деценија по нивната адаптација на „Илијада“ и „Одисеја“, тие ја илустрираа верзијата на Луис Унтермејер за „Басните на Езоп“  - за жал, уште еден скапоцен камен што во поново време не е повторно објавен. Од  „Лисицата и грозјето“ до „Желката и зајакот“ до „Гуска што ги снесе златни јајца“, овие познати, сакани приказни блескаат со невообичаена топлина и мудрост под живиот допир и експресивната елеганција на илустраторите Провансен.

Извор: brainpickings.org