Тапан

12.04.2021 08:37

Со громови од утробата
им ги жега стапалките на играорците;
се пропнува. Јарец живодарец е.

Му ја закопале душата во обрач
опашот главата да ја превтаса.

Везден со биволски коски го бувтаат
искри од грлото му истеруваат
од огнот зелени молни изрипуваат
невестите под превез да се.

И ноќе не го оставаат да си поспие.
Не му даваат
мртовец да е:
коска и кожа,
спепеленик со песна поткован.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото