Ден пред објавувањето: Списоците со тајни хонорарци во бегство

12.04.2021 12:59
Ден пред објавувањето: Списоците со тајни хонорарци во бегство

Нецели 24 часа пред јавноста да ги дознае имињата на тајните хонораци што во минативе 3 години наплатиле околу милион евра народни пари, Владата соопшти дека не може да ги лоцира списоците, кои му биле доверени на министерот за внатрешни, Оливер Спасовски и последен пат се видени во неговиот кабинет.

– Ги оставивме кај министерот на чување. Што се случи во меѓувреме, како исчезнаа, навистина не можам да ви кажам. Пред малку го баравме во кабинетот, ама секретарката ни рече дека е во црква на литургија и нѐ увери дека пред да замине, наредил да се формира комисија за да се најде одговорниот за овој пропуст. И сега чекаме… – рече за Кооперација портпаролот на Владата.

Ова го потврдија и од МВР и објаснија дека министерот телефонски дал наредба да се блокираат сите излези од неговиот кабинет и да се проверат сите камери за да се истражи дали списоците имале човек внатре, кој им помогнал со бегството.

Извор: https://www.kooperacija.mk/