1018 hPa
46 %
19 °C
Скопје - Нед, 12.04.2026 12:59
_7.jpg)
Социјалниот центар Дуња во Скопје организира донаторска акција за помош на погодените од економската криза. Таа е најавена за сабота (17 април), а ќе трае од 13 до 15 часот.
„Невработеноста е во пораст. Поскапуваат основните прехранбени производи. Голем број на работници се втурнати во бездната на сиромаштијата, не можејќи да ги покријат основните трошоци за живот“, посочуваат тие.
Од СЦ Дуња ги повикуваат граѓаните да се приклучат со донирање на храна, средства за хигиена и парични средства кои ќе бидат искористени за докупување уште храна и средства за хигиена.
„Борбата за достоинствен живот на работниците вклучува и солидарност со оние кои имаат потреба во овие тешки моменти“, велат од СЦ Дуња.
Просториите на СЦ Дуња се наоѓаат на улица „Рајко Жинзифов бр.22.