Плачењето на ТикТок ги продава книгите

15.04.2021 10:46
Плачењето на ТикТок ги продава книгите

Книгата „Бевме лажговци“ беше објавена во 2014 година, затоа автораката Е. Локхарт многу се зачуди кога минатото лето дозна дека нејзината книга е на листата на бестселери. Беше воодушевена, но и збунета.

„Немав поим што се случува по ѓаволите“, рече таа. Ѝ помагнаа нејзините деца: ова се случува заради ТикТок.

Клиповите што најчесто ги снимаат девојки во тинејџерски и во рани дваесети години на апликацијата за кратки снимки се раширија на интернет со хаштагот #BookTok, каде корисниците на платформата препорачуваат книги, се снимаат како ги читаат или отворено липаат пред камерата ако некој роман завршува особено емотивно. Токму тие снимки продаваат многу книги.

„Сакам луѓето да го почувствуваат она што јас го чувствувам“, вели Миреила Ли (15), која заедно со својата тринаесетгодишна сестра Елоди, го отвори каналот @alifeofliterature („Живот во книжевноста“). Сега има повеќе ов 20.000 следбеници.

„Во училиштето не ги почитуваат книгите баш многу и тоа ме нервира“, вели Миреила.

Поголемиот број на видеа на BookTok се снимени природно, тоа го прават младите ентузијастични читатели. Но сега и издавачите сфатија дека ова има потенцијал, па на оние што имаат голем број следбеници им нудат бесплатни книги или им плаќаат да зборуваат за нивните изданија.

„Идеите што ќе ги смислам за триесетина секунди проаѓаат прилично добро, додека оние на кои работам со часови или со денови сосема пропаѓаат“, вели Полина Хуан, 25-годишна студентка. „Но дефинитивно најпопуларни се снимките за оние книги кои можат да те расплачат. Доколку плачеш на снимката, тоа сите сакаат да го гледаат!“

Миреила Ли (15) заедно со својата сестра Елоди (13) го отвори каналот @alifeofliterature

Повеќето наслови кои ги популаризираше BookTok всушност биле бестселери и кога се појавиле, а некои од книгите биле и наградувани, како што е „Песната на Ахил“, која ја освои наградата „Оринџ“ за фикција во 2012 година. Романот повторно го раскажува старогрчкиот мит за Ахил, претставувајќи ја романсата помеѓу него и неговиот другар Патрокло. И нема среќен крај.

Според организацијата „NPD Book Scan“ која го следи бројот на продадени примероци во повеќето американски книжарници. „Песната на Ахил“ се продава по околу 10.000 примероци секоја недела што е девет пати повеќе отколку кога романот ја освоил наградата.

Миријам Паркер, потпретседателка на издавачката куќа „Ecco“, која го издала романот, вели дека првиот скок на продажбата го виделе на 9 август, но немале поим што се случува. На крајот успеале да го најдат клипот на ТикТок под наслов „Книги заради кои ќе плачете“, кој на 8 август го објавил каналот @moongirlreads. Денес таа снимка на која се наоѓа и препораката за книгата „Бевме лажговци“ има шест милиони прегледи.

Девојката која е авторка а каналот @moongirlreads е 18-годишната Селена Велез од Лос Анџелес, која има повеќе од 130.000 следбеници на ТикТок. Таа раскажува дека издавачите ѝ праќаат бесплатни книги за да зборува за нив, а почнала да снима и платени видеа што ги финансираат издавачките куќи.

Џон Адам, директор на маркетинг во одделението за детски книги на познатата издавачка куќа „Random House“, моментално соработува со стотина тиктокери, затоа што кога еден наслов ќе влезе во ТикТок, се покренува цела машинерија за негова промоција. Да не постоеше платформата ТикТок ништо од ова немаше да се случи.

Извор: The New York Times

 

ОкоБоли главаВицФото