Кој се грижи за јавниот интерес?

19.04.2021 13:53

Зад процедурите се крие и власта секогаш кога не сака нешто да сработи. На кого му раскажуваат приказни дека четири години не можат да сменат Детален урбанистички план и да го усогласат со Генералниот урбанистички план во центарот на главниот град на државата како што е редот, а СДСМ е на власт и на централно и на локално ниво и во градот Скопје и во Општина Центар? Сè се може ако се сака. Ние името на државата го сменивме, промени на Устав изгласавме, а тие четири години не можат да си ги усогласат плановите.

Не правиме муабет дали на паркингот кај „Холидеј ин“ во центарот на Скопје треба да се гради или не и што треба да се гради. Не правиме муабет ниту за тоа дали проектираните кули се убави или грди. Не правиме муабет ниту дали инвеститорот, на кого баш оваа СДСМ-овска власт му го продаде државното земјиште, има право да си гради што си сака. Сосема е неважно што има да каже инвеститорот. Тој си се грижи за својот интерес. Туку, кој се грижи за јавниот интерес? Државата? Градот Скопје? Општина Центар?

Горан Михајловски, СДК, 16.04.21.