Пензионер зајми пет кила компири

21.04.2021 09:08
Виц икона

Пензионер тргнал да позајми пет кила компири од пријателот на четврти кат. Си мисли, ќе заѕвонам и кажам: Здраво, комшија, стар пријателу, те молам, позајми ми пет кила компири, ќе ти вратам на први, кога ќе ми стаса пензијата.

Стасува до првиот кат и веќе малку подзадишан, си вели, не треба да сум подлизурко и да се повикувам на старото пријателство, тоа си е јасно само по себе, туку кога ќе отвори врата ќе му кажам: Здраво, комши, те молам позајми ми пет кила компири, ќе ти вратам на први, кога ќе ми стаса пензијата.

На вториот кат, подзацрвенет, си вели, што има да цимолам и да ја спомнувам пензијата, ќе кажам само: Здраво, комшија, те молам позајми ми пет кила компири, ќе ти вратам на први.

Кога забрефтан се качува на третиот, си мисли, зошто да ветувам дека ќе вратам на први, кога тоа се подразбира? Ќе му кажам просто, човечки: Комшија, позајми ми пет кила компири.

Конечно, пензионерот се искачува на четвртиот кат, му ѕвони на комшијата и кога овој отвара врата, му се дере в лице: Да ти се серам на тоа компирот, стипсо гнасна!

 

ОкоБоли главаВицФото