„Камо ми го пеливанот!“

21.04.2021 10:33

Прела баба три вретена,
с чудом стои да се чуди,
да се чуди што да чини.
Однесла ги на пазарот,
продала ги по три пари,
по три пари, девет пари.
С чудом стои што да чини.
Купила си еден дедо,
педа човек, лакот брада,
па го зави в цедилката,
однесе го дури дома,
дури дома, на оџакот.
Навалила силен оган,
па си прсна пуста искра,
испрли му брадичката.
Па му свари казан чорба,
насрка го, најаде го,
изнесе го на средсело,
на средсело да се бори.
Никој нема да се најме
со дедото да се бори;
најмело се кусо петле,
грабнало се со дедото;
ни тој пада, ни тој пада:
од дедото крви течат,
од петлето пердув лета.
А што беше кусо петле!
Искара му десно окце,
надвило му кусо петле!
Пак дедото сака борба.
Испаднала стара жаба,
грабнала се со дедото,
изгризало десно уше,
па надвила над дедото.
Пак дедото сака борба.
Излегло му едно орле,
грабнала се со дедото,
па го дигна со сè 'пинци,
однесе го на седело,
си нарани својте пилци.
Фати баба да го бара,
да го бара, да си плаче,
да си вика со гласови:
„Камо ми го пеливанот!“

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Пандалф Вулкански
Пандалф Вулкански

ОкоБоли главаВицФото