„Експериментален цртеж“- изложба на 31 автор

21.04.2021 11:09
„Експериментален цртеж“- изложба на 31 автор

Во Уметничкиот Центар АРТ ХАБ во ГТЦ отоврена е изложбата „Цртеж – Експериментален цртеж“, која посетителите ќе може да ја разгледаат до до 30 април.

Организатор е Друштвото на ликовни уметници на Македонија под покровителство на Министерството за култура. Изложбата ќе може да се погледне во работно време на галеријата односно од понеделник до петок од 09 -17 часот.

„Оваа изложба има идеја да го задржи принципот на проширување на медиумот цртеж со експериментален пристап и решенија кои би биле предизвик за уметниците. Класичната дисциплина – цртеж има многу можности да опстане во ова време на нови медиуми, употребувајќи мисловни концепти или пак излегување од медиумот на дводеимензионалноста и пристапот во изработката. Интересно е што постојат повеќе разнолики приоди во интерпретацијата на идејата, интерпретација на дилемата или пак решението како краен резултат“, се вели во соопштението на ДЛУМ.

На отворањето на изложбата беше доделена и наградата „Цртеж – Експериментален цртеж“ на Росица Лазеска за делото со наслов „Композиција 12“.

Во изложбата учествуваат 31 автор од членството на ДЛУМ: Александра Димитрова, Ана Спасова, Ана Трајковска, Ангел Димовски Чауш, Ангелца Стоиљковиќ, Валентина Илијевска, Горан Менков, Ѓорѓе Цветковиќ, Давор Ќешкец, Дејан Иванов Маргуш, Дијана Томиќ Радевска, Душан Георгиевски, Златко Глигоров, Зулејха Зубери Али, Илина Арсова, Кирил Гегоски, Лидија Вујисиќ, Лидија Цаковиќ, Мојсовска, Љупчо Бојаров, Марија Мицова Гацова, Марија Светиева, Марјана Костојчиноска Узунчева, Наташа Станковска Зафировска, Пандора Апостолоска Саздовска, Росица Лазеска, Сашо Саздовски, Силвана Атанасовска, Слободан Живковски, Стефан Димовски, Стефан Младеновски, Тања Таневска.