Изложба на финалистките за наградата „Денес“

22.04.2021 09:39
Изложба на финалистките за наградата „Денес“

Изложбата на четирите финалистки за наградата ДЕНЕС за млад(а) визуел(е)н/а уметни(к)/чка до 35 години – Ана Јовановска, Ана Лазаревска, Симона Манчева и Елена Чемерска, премиерно ќе се може да се погледне на каналот Вимео Organization FR_U на организацијата Факултет за работи што не се учат – ФР~У.

Изложбата е дел од годинешното, петнаесетто издание на престижната интерационална манифестација, доделувањето на наградата ДЕНЕС за млад(а) визуел(е)н/а уметни(к)/чка до 35 години, која подразбира двомесечна резиденција во Њујорк, САД за добитни(кот)/чката. Таа ќе биде отворена од 21.04 до 29.04.2021.

Делата ќе може да се погледнат на следните линкови:
-Ана Лазаревска 
-Ана Јовановска 
-Симона Манчева 
-Елена Чемерска 

По изложбата на 28.04.2021 (среда) на платформа „Зум“ на ФБ каналот на ДЕНЕС Наградата од 18 – 20.30 часот ќе се одржи јавна презентација на уметничките и разговор со интернационалната жири комисија на англиски јазик во рамки на програмата „Совршениот уметник“. Линк од Фејсбук на ДЕНЕС Награда - Награда ДЕНЕС

Следниот ден, на 29.04.2021 год. ќе се објави добитничката на наградата ДЕНЕС преку соопштение до медиумите како и на веб страната на ФРУ и социјалните мрежи на организацијата.

Интернационалното жири е составено од:

Катја Крупеникова, кураторка и критичарка, доцент на ХКУ Универзитетот за уметности, Утрехт и дел од кураторскиот тим на Фондацијата В-А-Ц, Москва;

Пол Ластер, писател, уредник, куратор, уметники предавач, уредник во „ArtAsiaPacific и Whitehot Magazine of Contemporary Art“;

Биљана Тануровска Ќулавковски, продуцентка, кураторка и истражувачка, претседателка на органзиацијата Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата;

Алберт Хета, уметник, дизајнер, уметнички менаџер и уметнички директор на Стацион- Центарот за современа уметност, Приштина, Косово.

Верица Ковачевска, уметничка и претходна добитничка на наградата ДЕНЕС.

Структура на настан на 28 април 2021 година.
18ч најава, претставување на финалистки и жири комисија
18.15ч Презентација на Ана Јовановска, Ана Лазаревска по 10 мин - прашања од жири - комисија;
19.15ч Презентација на Симона Манчева и Елена Чемерска по 10 мин - прашања од жири


НАГРАДА ДЕНЕС – НАГРАДА СО ДВОДЕЦЕНИСКИ КОНТИНУИТЕТ

Оваа значајна и независна награда е организирана во соработка со Residency Unlimited од Њујорк, поддржана е од The Trust for Mutual Understanding од Њујорк и се доделува на секои две години во Северна Македонија. Победникот ќе има можност да присуствува на двомесечна програма за престој на уметници во Њујорк во Residency Unlimited во втората половина на 2021 година.

Наградата ДЕНЕС, која го носи името на истакнатата уметничка група ДЕНЕС, која постоела во периодот од 1953 – 1955 во земјава, се доделува по петнаесети пат во земјава.

Сите трошоци на победникот за време на двомесечниот престој во Њујорк ќе му бидат покриени како трошоци за виза, здравствено осигурување, патни трошоци, сместување и дневници од страна на The Trust for Mutual Understanding од Њујорк, додека органзиацијата за наградата т.е. изложбата и избирањето на победникот ги покрива локланата организација.

ИСТОРИЈАТ НА НАГРАДАТА

Во 1990 година Венди В. Луерс, основач и директорка на Фондацијата за отворено општество, заедно со прецедателот Вацлав Хавел и група на уметници дисиденти најпрво ја основале наградата „Јиндрих Чалупецки“ во Чехословачка за да одаде признание на уметничката извонредност на младите визулени уметници, под 35 години, и за да им овозможи искуство на резиденцијален престој во САД. Програмата на награди за млади визуелни уметници во текот на неколку години беше востановена како интернационална мрежа на слични награди со поддршка од американската фондација Trust from Mutual Understanding, US foundation.

Денес 12 европски земји се дел од оваа мрежа како: Чешка, Словачка, Хрватска, Косово, Србија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Словенија, Албанија, Бугарија, Црна Гора и Унгарија.

Во 2015 година организацијата Residency Unlimited (RU) беше ангажирана како организатор на оваа програма и како домаќин на резиденцијата на уметниците во Њујорк.
residencyunlimited.org

Дискурзивно – едукативната програма насловена „Совршениот уметник“ е дел од
биеналната награда ДЕНЕС. „Совршениот уметник“ е курирана од Ивана Васева и иницирана како една од програмските целини на организацијата Факултет за работи што не се учат (ФР~У). Идејата е преку практично но и теоретско делување со фокус на дијалог, размена на искуства и дебата да се воспостави еманципација на младите уметници и да се понудат можности за зајакнување на едукативниот систем во земјава, егалитарните изложбени и образовни политики во земјава и еднаков развој на сите културни работници во земјава.

Наградата ДЕНЕС и програмата „Совршениот уметник“ годинава е поддржана од Министерство за култура на Република Северна Македонија и од Делегацијата на Европската Унија, и се организира во соработка со Europe House Скопје.