Интернет страница посветена на Дичо Зограф

22.04.2021 15:19
Интернет страница посветена на Дичо Зограф

Историчарката на уметност Анета Георгиевска – Шајн, која живее и работи во САД, направи нов веб сајт целосно посветен на Димитар Крстев Дичов, познат како Дичо Зограф. Тој во 19-от век бил еден од најдобрите уметници на Балканот кој изработувал икони и фрескоживописи во духот на византиската традиција.

Авторката Георгиевска – Шајн вели дека ова е прв и единствен веб сајт за Дичо на англиски јазик.

„Информациите за него се достапни пред сè на македонски и бугарски јазик, а многу тешко се наоѓаат и фотографии со висока резолуција така што тоа беше најголемата пречка за било каков посериозен зафат. Следниот чекор е „уметнички натпревар„ за деца од средни училишта - при што нивните дела ќе ги објавиме на сајтот, а ако може ќе организираме и изложба подоцна оваа година. Сајтот ќе биде дополнуван и понатаму. На една од страниците ќе бидат наведени и имињата на сите донатори. Донациите досега дојдоа од мое предавање за историја на уметност (со акцент на Византија) што го одржав онлајн пред американска публика - предавањето беше бесплатно, со опција да се донира за овој проект“.

Освен биографијата и делата на Дичо Зограф, на страницата можат да се најдат корисни информации за местата каде се наоѓаат неговите дела, неговото наследство, но и список на негови дела кои се изгубени, уништени или украдени, како на пример од црквата во неговото родно село Тресонче од каде во 2013 година беа украдени речиси сите икони што ги изработил Дичо Зограф. А други негови дела и на неговите ученици биле илегално продавани на црниот пазар. На сајтот можат да се најде и прилично богата галерија на фотографии на неговите, како и линкови за изложбите, публикациите и медиумските објави посветени на славниот иконописец.

 Внатрешност на црквата во с. Гари

Икона во црква Св. Никита, с. Бањани 

Иконостас во црквата Св. Петар и Павле, с. Тресонче

Извор на фотографии: dichozograf.org/image-gallery

Слични содржини

Уметност / Око / Историја
Јавни простори / Свет / Уметност / Историја
Уметност / Око / Историја
Култура / Уметност / Историја
Култура / Уметност / Историја

ОкоБоли главаВицФото