Пророк

23.04.2021 10:33

На Богомил Ѓузел


Не, јас не сум древен пророк, велиш,
кој иднина би знаел лесно да прорече,
ниту, пак, намера сум имал да бидам.
Човек сум што на крстопат седнал
за младиот азган-поет таму да го начека,
но не толку пат да му прорече,
колку избраниот веќе да му го потврди
и потаму – ни збор да рече.

Ете таков сум ти јас пророк, велиш.
Не можам неможното да го сторам можно,
но можното за миг барем кревок можам
да го сторам достижно и потем смерно,
со еони да го чекам крајот на минатото
за да ги прочитам последните пораки
од крупни ашици во пепелта избелени...
и потаму – ни збор да речам.

Не, не – не сум јас древен пророк, велиш.
Деновите бројани ми се, грска мрак и млеко
плисната врз испукана земја жедна за пород.
Во последната капка ми се ројат зборовите,
чрчорат и прскаат ко врело масло на оган.
Сега стојам без срам пред чистото време
со испружена дланка врз која е запишан
најголемиот привид и на небо и на земја:

Стварноста е сѐ.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото