Кога луѓето трчааат, тоа е совршено синхронизирано

23.04.2021 13:36
Кога луѓето трчааат, тоа е совршено синхронизирано

 
Раната еволуција на луѓето е заслужна што многумина уживаат во трчањето. Погледнете некој со коса врзана во опавче како трча и ќе видите дека опавчето во воздухот постојано испишува осмици, кои одговаат на силата која настанала при трчањето. Но, главата на оној што трча е неподвижна а погледот рамен.

Според една студија, токму поради некои единствени напредоци во еволуцијата, човечката глава не се однесува како тоа опавче - инаку би скокала наоколу додека трчаме. Студијата, во која се користеле подвижни ленти, камери за ловење движења и тегови, утврдила дека постои одлична координација помеѓу мускулите и рамената на тркачот и неговите раце, со цел главата да остане стабилна а ‘рбетот исправен.

Новите сознанија можеби ќе ни дадат одговори и на прашањата за улогата на горниот дел од телото и трчањето и зошто, без размислување, ги виткаме и ги нишаме рацете со секој чекор. Тие се надоврзуваат и на се’ посилните докази дека трчањето на долги растојанија всушност го обликувало организмот на човекот, како и неговиот живот, на начини кои се чувствуваат и милениуми подоцна.

Идејата дека ние луѓето сме всушност создадени да трчаме се базира на истражување на фосили кои упатуваат на тоа дека раните луѓе развиле баш такви коски во нозете - но и некои други карактеристики - кои помагаат при трчање на долги растојанија. Наодите сугерираат и дека нашите претци кои умееле добро да трчаат доминирале во прибавување на храна и во размножувањето, па така преку природна селекција всушност се бирале физичките карактеристики поврзани со трчањето.

За најголем дел од овие истражувања одговорен е Даниел Либерман, професор на Харвард и автор на новата книга Exercised за вежбњето и еволуцијата.

Доктор Либерман е особено заинтересиран за горниот дел од организмот, пред се’ за главата на тркачот. И тој порано трчал маратони и е свесен колку е важна стабилната глава. Истовремено, знаел дека тоа не е едноставно. При трчањето телото се оттурнува од тлото со секој чекор, префрлувајќи ја силата на главата, која би требало некотролирани да се ниша, токму како опавчето.

За потребите на студијата Либерман и други вклучиле тринаесет мажи и жени, кои ги следеле преку сензори на горниот дел од телото. Тие ја следеле мускулната активност додека испитаниците прво оделе а потоа трчале на подвижна патека. Сето време, истражувачите ги снимале со камери со висока резолуција. Потоа, научниците им дале на волонтерите ситни тегови за да трчаат со нив. На крајот на лицата на волонтерите ставиле тешки маски при трчањето, за да споредат како сите мускули на секој човек реагаираат на секоја од овие интервенции.

Мускулите во надлактиците и во рамената не покажувале никаква координирана активност при одењето. Но истите тие мускули почнале синхронизирано да се движат кога доброволците почнале да трчаат: мускулите реагирале истовремено, и тоа со отрприлика еднква сила. Таа синхронизација само се засилила при трчањето со тегови.

Според Либерман, ваквите резултати потврдуваат дека трчањето не’ обликувало.

Извор: New York Times International

ОкоБоли главаВицФото