„Тешко е да се убие“ - фотографии

24.04.21 12:36

Иранската уметница Фатеме Баигморади ( Fatemeh Baigmoradi) создаде дело инспирирано од минатото на нејзините родители.

Фотографската серија „Тешко е да се убие“ ја истражува меморијата и историјата низ призмата на политичката цензура, во која оганот ги брише луѓето од фотографиите.

Родителите на Баигморади имаат многу малку фотографии од нивниот живот во Иран од пред Исламската револуција во 1979 година. Сликите што ги зачувале го преживеале огнот, а нивната содржина не се однесува на политичката „вина“.  Проектот „Тешко е да се убие“ е медитација за стравот и цензурата; Бајгморади има направено и други семејни фотографии на кои со пламен го отстранила идентитетот на луѓето.

Исламската револуција започнала со народно движење за демократијата и завршила со формирање на првата исламска држава во светот. Пред револуцијата, во движењето имало три главни групи: марксисти, исламисти и бранители на уставот (во кој бил Националниот фронт).

Како што објаснува авторката во својата изјава за делото: „Сите тие партии учествуваа во револуцијата во 1979 година, но постепено по победата, исламистичката партија, која го имала мнозинството ги отфрлила другите партии, почнувајќи со клевети и обвиненија, потоа апсејќи и принудувајќи ги на прогонство“.

Нејзиниот татко бил член на Националн фронт, и во годините што следеле по револуцијата тој ги запалил фотографиите што се однесувале на неговото членство, еден избезумен, но неопходен чин за преживување. Овие фотографии веројатно биле „изгорени во страшен ритуал за да го заштитат татко ми, или барем да не му наштетат“. Опседната од идејата за овие уништени фотографии, во „Тешко е да се убие“, Баигморади дава поширок коментар за политичката цензура и страв. „Јас ја работам својата работа заснована врз вистинска приказна што им се случила повеќе пати на различни луѓе, од различни нации, по социјалните револуции“, објаснува таа. На овој начин, „Тешко е да се убие“ е чин на заштита и порака за слободата.

Извор: ignant.com

Слични содржини

Фотографија / Психологија / Око
Јавни простори / Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Наука / Око
Фотографија / Екологија / Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото