„Страв од летање“ - анимиран филм

27.04.21 14:05

Дугал е мала нервозна птица со огромен страв од активноста во која инстинктивно би требало да ужива: тој се плаши да лета.

„Страв од летање“ е шармантен краток анимиран филм, по сценарио и режија на Конор Финеган (Conor Finnegan), кој го следи Дугал додека патува на југ за да ја помине зимата. За време на неговото патување, вознемиреното суштество се соочува со мноштво препреки, се пробива низ снежната бура, се спасува од заканата на крадлива верверица, за да конечно одлучи да им се придружи на своите пријатели на југ.

 

Извор: Youtube

ОкоБоли главаВицФото