Александар Цветковски -ТВ портрет

30.04.21 10:56

На денешен ден почина Александар Цветкоски (Скопје, 1935-2016) илустратор, дизајнер, сликар, графичар, значаен во формирањето на визуелната култура и нарација кај најмладите, универзитетски професор.

Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Љубљана (1961). Работел како илустратор и уредник во издавачката куќа „Детска радост“. Основач е на списанието за деца „Росица“. Изработил повеќе од 10.000 илустрации за книги и детски списанија во Македонија („Другарче“, „Развигор“, „Наш свет“, „Гезими“ и „Фатоси“; во СФРЈ: „Дечје новине“, „Радост“, „Полетарац“, „Зека“, „Цицибан“, „СМИД“, „Кекец“, „Куш“).

Ликовно обликувал енциклопедии, џиновски сликовници, книги. Класичниот реалистичен третман со нагласена линеарна ритмичност во цртежите и едноставниот дизајн се негов предизвик во лесниот пристап до содржините и новите информации. Стручната јавност го нарекуваше „илуминатор на пишаниот збор“.

Погледнете го неговиот ТВ портрет, снимен во 1993 година од Македонската телевизија.  

Извор: Youtube

ОкоБоли главаВицФото