Татко на многу деца од Холандија до Србија: случајот на сериски донор на сперма

01.05.2021 11:56
Татко на многу деца од Холандија до Србија: случајот на серски донор на сперма

Ванеса ван Евијк од Холандија, во 2015 година одлучила дека сака да има дете. Имала 34 години и немала партнер и како многу други жени, побарала донор на сперма. Отпрвина размислувала оплодувањето да го направи во една клиника, но се премислила заради трошоците за операцијата.

Наместо тоа, на сајтот „Желба за дете“ го пронашла совршениот кандидат. Онлајн страницата е продавница на сперма која директно ги поврзува кандидатите донори со примателите. Ванеса особено ја привлекол профилот на Џонатан Јакоб Мејер, холандски музичар на возраст од околу триесет години. Мејер бил згоден, со сини очи и руса коса. „Разговарав со него по телефон и ми делуваше нежно, љубезно и пристојно. Воопшто не беше агресивен“, раскажува Ванеса.

Еден месец подоцна, таа и Мејер се договориле да се сретнат во Хаг. Тој ѝ ја донел спермата, а таа му платила околу 200 долари и трошоците за патувањето. Подоцна родила девојче, своето прво дете и како што самиот кажал осмо дете на Мејер. Кога во 2017 година Ванеса решила да роди уште едно дете, повторно се обратила кај Мејер. Тие повторно се состнале и таа потоа родила машко дете.

Сепак, претходно Ванеса дознала нешто прилично вознемирвачко. На Фејсбук се поврзала со друга самохрана мајка, која исто така го користела Мејер како донор на сперма и која ѝ кажала дека според истрагата на холандското министерство за здравје, спроведена во 2017 година, тој имал 102 деца, само од оплодувањата спроведени преку клиниките за вештачко оплодување. Во тој број не спаѓале неговите приватни донорства.

Ванеса сакала нејзините деца да имаат ист татко и продолжила според првобитниот план. Сепак била вознемирена. Холандија е мала држава во која живеат 17 милиони луѓе; колку повеќе полусестри и полубраќа има во популацијата кои меѓусобно не се познаваат толку се поголеми шансите да се сретнат и да добијат сопствени деца и тоа деца со зголемен ризик од генетски дефект.

Ванеса ван Евијк

Ванеса контактирала со Мејер и тој признал дека е татко на најмалку 175 деца, но можно е дека се и повеќе од тоа. „Како да им кажам на моите деца дека можеби имаат 300 браќа и сестри?“, прашува Ванеса и тоа е можеби само половина од вистинската бројка.

Првото дете зачнато со ин витро фертилизација се роди во 1978 година и во следните децении донирањето сперма стана успешен глобален бизнис затоа што клиниките за вештачко оплодување, банките на сперма и приватните донори се обидуваат да одговорат на побарувачката на луѓето што сакаат да имаат деца.

Законите регулираат кој може да биде донор, кога и колку често, делумно за да се избегнат генетски дефекти кај населението. Во Германија, донорите на сперма не можат да бидат татковци на повеќе од 15 деца; во Велика Британија горната граница е донирање за не повеќе од десет семејства, додека бројот на деца по семејство не е ограничен. Холандскиот закон забранува анонимно донирање, а незадолжителна е препораката за клиниките еден донор да зачне најмногу 25 деца и тоа на една клиника во земјата.

Во Соединетите американски држави нема законски ограничувања и важечки се само насоките на Американското друштво за репродуктивна медицина: 25 деца по донор во популација од 800 илјади луѓе.

На меѓународно ниво регулативата е уште пооскудна. Не постои законска рамка која може да го спречи донорот на сперма да донира на клиниките надвор од својата држава или во глобалните агенции како „Cryos International“, најголемата банка на сперма во светот, која се наоѓа во Данска и доставува сперма во повеќе од стотина држави.

А малку се, ако и воопшто ги има законите кои го рекулираат приватното донорство каков што бил аранжаманот на Ванеса ван Евијк и Мејер. Благодарение на тие дупки во законите имало случаи кога донорите зачнале повеќе десетици деца, кои подоцна на социјалните мрежи откривале дека имаат десетици браќа и сестри.

Холандската фондација за донорски деца, која им пружа поддршка на луѓето зачнати на овој начин и на нивните семејства, но и им помага во потрагата по биолошките роднини, по пат на ДНК тестирања утврдила дека др. Јан Карбат, кој почина во 2017 година, тајно ги оплодувал со својата сперма жените кои доаѓале во неговата клиника. Родени биле најмалку 68 деца.

Еден донор во Холандија, познат како Луј зачнал повеќе од 200 деца, од кои мнозинството не знае за постоењето на другите деца. Пред шест години, Иво ван Хален, 36-годишен консултант за информациски технологии од Холандија дознал дека е едно од тие деца. Оттогаш успеал да пронајде и да контактира со 42 свои полусестри и полубраќа. „Да научиш како да интегрираш 42 сестри и браќа е шок. Нашата група веќе утврди 70 деца“, кажал ван Хален.

Некои од нив неколку пати се среќавале на „Тиндер“. Еден полубрат кој живее во Хаг, Џорди Вилекенес, на апликациите за љубовни состаноци се споил дури со четири свои полусестри. Сега, оваа група го следи списокот на потенцијални браќа и сестри, кој сите го проверуваат пред да одат на состанок со негого. Вилекенес вели дека е многу внимателен кога ги избира своите партнерки: „Досега добро го истренирав окото“.

Ана Грејс Бонд и Флечер Бонд имаат 30 браќа и сестри

Опасно за деца

Некои донори на сперма како др. Карабат донираат илегално, други многу отворено се расфрлаат. Ари Нејџел, професор по математика од Њујорк, донира исклучиво онлајн и комуницира директно со примателите. Тој кажува дека има 76 деца.

 Во 2017 година, Ванеса ван Евијк по разговорот со Мејер ја известила Холандската фондација за донорски деца дека Мејер има многу повеќе деца отколку што првично кажувал и дека донирал сперма во повеќе клиники.

Подоцна оваа фондација утврдила дека Мејер приватно зачнал најмалку 80 деца во Холандија, покрај уште 102 деца кои ги идентификувало холандското министерство за здравје преку 11 клиники. Владата им наредила на сите клиники вештачко оплодување да престанат да ја користат спермата на Мејер.

Ванеса ван Евијк се спријателила со уште две Холанѓанки на кој Мејер им бил донор. Тие две жени дури и работеле заедно, во иста предшколска установа и сфатиле дека имале ист донор кога виделе дека нвините деветгодишни деца навистина многу си личат.

Двете сакаа да останат анонимни, но наведуваат дека познаваат уште неколку жени на кои Мејер им бил донор. Едната од нив е загрижена дека некои од децата би можеле случајно да се сретнат и да започнат романтична врска. „Одвратно е и сакам да престане. Опсно е за децата. Во градот постојат уште браќа и сестри и тие можат да се вљубат. Тоа никако не е добро“.

Новороденчиња во хотел „Венеција“, сопственост на клиниката „BioTexCom“ во Киев

Тринаесет или повеќе држави

Активностите на Мејер ги следела Џоел де Бур, волонтерка и меѓународна личност за контакт во холандската фондација за донорски деца. Според нејзиното истражување тој патувал низ Европа, Скандинавија и Украина и од 2007 година, донирал сперма на клиники и приватно на интернет.

Меѓународните банки на сперма главно ги регистрираат донорите под псевдоним или број. Исто така се потпираат на тоа дека клиентите самите ќе го пријават раѓањето на детето. Не постои меѓународен регистер на донори на сперма, па примателот не може со сигурност да знае каде и кому донорот веќе донирал сперма.

Џоел де Бур наведува дека е во контакт со мајки кои родиле деца на Мејер во Австралија, Италија, Србија, Украина, Германија, Полска, Унгарија, Швајцарија, Романија, Данска, Шведска, Мексико и Соединетте држави.

Една Германка кажува дека спермата ја добила преку „Cryos International“, од каде во 2019 година добила писмо во кое се наведува дека „нејзиниот донор донирал и во други земји, освен во Данска и дека го прекршил договорот со банката за сперма според кој требало да донира исклучиво на Cryos International“. Компанијата за ова ги известила и данските власти, било наведено во писмото, а стопирана е натамошната дистрибуција на семето на Мејер. Тој за „Њујорк Тајмс“ изјавил дека не се сеќава дека му било речено дека има забрана за донирање на други клиники (името на Мејер не вистинско).

Петер Реслев, извршен директор во „Cryos International“, инсистира дека ниеден донор не може да потпише договор со компанијата доколку претходно не го потпише договорот за ексклзивност. „Донорите потпишуваат обврзувајќи се со договорот дека нема да донираат на други центри за сперма“, изјавил Реслев.

Тис ван дер Мер, директор на Фондацијата за донорски деца на Холандија, во соработка со други институции пресметал дека ако е индикатор досега познатиот модел на донирање на Мејер по разни клиники и приватни контакти, бројот на деца кои ги зачнал може да биде неколку стотици дури и илјада.

Ари Нејџел, донор на сперма на едно од своите патувања

Мејер ги негирал таквите заклучоци. „Имам околу 250 деца, претпоставките за број од илјада се луди“, вели тој. За да се справат со овој проблем, надлежните во Холандија сега работат на создавање централен регистер за донои на сперма што би требало да ги спречи мажите во исто време да донираат во повеќе клиники. По овој случај со Мејер се очекува да се промени одлуката дека еден донор може да зачне 25 деца и да биде преиначена дека еден донор, на национално ниво, може да донира сперма на најмногу 12 жени.

Сепак остануваат празнини во меѓународната регулатива. Кристина Мотејл, адвокатка од Берлин, членка на Донорскиот подмладок на Европа, група возрасни Европјани кои се зачнати на овој начин, наведува дека оваа група е особено загрижена заради донорите кои патуваат по Европа и се обидуваат да зачнат што повеќе деца.

Донорски стил на живот

Што ги мотивира донорите на сперма да се однесуваат на овој начин? Регистерот на донорските сродници, во 2013 година објавил истражување во кое се наведуваат трите главни мотиви за просечните донори: парите, великодушноста и желбата и натаму да ја пренесуваат својата ДНК.

Крамер, извршна директорка на регисерот вели: „Дали во ДНК на некои мажи е ова да го прават? Што го тера човек да донира шест години? Финансиската компензација во некои држави е мала, но некои донори се согласуваат и на минимална надокнада во замена за покривање на трошоците за патувањето за да се сретнат лично со жените на кои им донираат сперма.

Нејџел кој има 45 години и не е оженет, вели дека жените го поканувале во разни краеви на светот заради неговата сперма. Кога го контактиравме се подготвуваше да замине во Мексико за да присуствува на инсеминација.

Според неговиот донорски профил во банката за сперма и Мејер често патувал во далечни краеви од светот: Аргентина, Кина, Нов Зеланд и Австралија. Тој истакна дека неговите намери биле чесни, дека сака да им помогне на луѓето што се обидуваат да формираат семејство. Но, освен во Европа, заради бројот на деца што ги зачнал Мејер, загрижена е и една жена од Австралија, која купила сперма од него. Откако родила, на „Cryos International“ им напишала дека е многу загрижена заради бројот на деца кои ги зачнал овој сериски донор на сперма.

Замрзнати примероци во банка на сперма во Калифорнија

Насловна илустрација: Кит Негли 

Извор: New York Times


 

ОкоБоли главаВицФото