Мај

01.05.2021 12:05
Мај

Мaj го добил името веројатно по Маја (лат. Maia) - староиталската божица на природата, плодната земја и билките. Маја му била ќерка на богот на природата Фаун и жена на Вулкан, богот на огнот. Подоцна Римјаните оваа Маја ја поистоветиле со грчката Маја (грч. Μαῖα) – ќерката на титанот Атлант и на океанидата Плејона. Оваа Маја е најстарата, најубавата и најсрамежливата од седумте Плејади. Најпозната е како мајка на Хермес (кај Римјаните Меркур), богот на трговијата, гласникот на боговите и најмладиот од дванаесетте олимписки богови.

Секоја година на мајските Календи (1. мај), свештеникот на Вулкан ѝ принесувал на Маја бремена свиња како жртва. На мајските Иди, пак (15. мај), трговците доаѓале пред храмот на Меркур и им принесувале жртви на Маја и на син ѝ Меркур.

Овидиј, пак, пишува дека мај го добил името од maiores (‘предци’, букв. ‘поголеми’, ‘постари’), зашто Ромул овој месец им го посветил на предците, исто како што следниот месец, месецот јуни, им го посветил на младите (лат. iuvenes, компаратив iuniores).

Слика: Бартоломеус Спрангер, „Вулкан и Маја“(1585), Kunsthistorisches Museum Wien

Извор: ΑΡΓΩ 

Слични содржини

Историја
Историја
Историја
Историја
Историја
Култура / Историја
Историја
Историја

ОкоБоли главаВицФото