Откриена единствената бремена мумија во светот

03.05.2021 11:16
Откриена единствената бремена мумија во светот

Археолозите го открија првиот познат пример на бремена мумија, за која велат дека датираат од првиот век п.н.е. и биле откриени во Теба уште во 1826 година - но експертите долго време претпоставувале дека примерокот е машки, бидејќи натписот на саркофагот укажувал на име на египетски свештеник.

„Нашето прво изненадување беше што нема пенис, но има гради и долга коса, а потоа откривме дека е бремена жена“, вели археологот Марзена Озарек-Шилке. „Кога ги видовме малото стапало, а потоа и малата рака на фетусот, бевме навистина шокирани“.

Откритието беше објавено минатата недела во „Journal of Archaeological Science“ од тимот научници што ги проучуваат мумиите во Полската академија на науките, кој од 2015 година спроведува неинвазивни лабораториски тестови, како што се КТ-скенови и Х-зраци.

Единственото балсамирано бремено тело во светот се верува дека било на возраст од 20 или 30 години, во 26-тата или 30-тата недела од бременоста. Мумијата била изложена во Националниот музеј во Варшава од 1917 година - но никогаш не била испитана толку темелно и со помош на нови технологии.

Првиот податок за идентитетот на мумијата дошол преку компјутерска томографија, која откри деликатна коскена структура, без знаци на пенис. 3-Д визуелизацијата откри долга виткана коса и гради на жена. Но, вистинското изненадување бил недопрениот фетусот, иако другите органи биле отстранети што е типично за египетското балсамирање.

„Не знаеме зошто бил оставен фетусот“, вели Војтек Ејсмонд, раководител на истражувањето. „Можеби имало религиозна причина. Можеби мислеле дека нероденото дете нема душа или дека ќе биде побезбедно во следниот свет. Или можеби  затоа што е многу тешко да се отстрани дете во таа фаза од матката без да се предизвика сериозна штета“.

Тимот се надева дека ќе спроведе дополнително истражување за да се утврдат причините за смртта и дали тоа е поврзано со бременоста на жената.

Извор: news.artnet.com

ОкоБоли главаВицФото