Хаос

05.05.2021 19:46

Однадвор првин слушаш некоја врева
мноштво гласови и по некој извик и лелек
од болка, бес, бунт, дива радост или ликување
излегуваш да видиш што е и кајшто ќе погледаш
се отвора и затвора гладно и жедно по една уста
или тоа е само огромната уста на просторот
со подземен татон како од земјотрес
или грми и сека од небото – далечни експлозии и пожари
на топови и тенкови од фронтот на хоризонтот
Викаат, врескаат и пиштат невидливи маси
и меѓу извиците како да распознаваш некои зборови
но на некој непознат и неразбирлив јазик
бргу влегувај назад во куќата
затвори ја вратата и капаците од сите прозорци
освен ако и тие не се претвориле во усти
затвори си ги потем клепките
однатре да те осветли првобитниот мрак –
надвор е само последичниот хаос

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото