Гејовите и економската благосостојба

23.12.2010 12:00
Гејовите и економската благосостојба

Каква врска имаат гејовите со стандардот на живеење? Многу директна и правопропорционална, излегува. Феноменот прв пат го објасни проф. Ричард Флорида во својата книга „Подемот на креативната класа“. Типов направил листа со американски градови и ги рангирал според економската благосостојба.

Прашањето било која од еден куп демографски статистики ќе се покаже како најточен предвидувач на економскиот стандард. Излегло дека застапеноста на геј луѓето и на уметниците (што тој го измерил со т.н. Gay-Bohemian Index) била најдобриот показател за економскиот просперитет на градот (мерен преку вредноста на становите, која од друга страна е високо поврзана со БДП и просечната плата). Со други зборови, колку повеќе геј журки и уметнички настани имало во градот, толку тој бил економски понапреден.

Е сега, златното правило во статистиката е дека „Correlation doesn’t imply causation“. Педерите и уметниците не се по правило економски попродуктивни од „нормалните“ и самото нивно присуство нема да ги качи платите. За жал, и да увезат неколку илјади Скопјани, и секој ден да организираат геј журки во хомофобичниот Прилеп, цената на тутунот пак ќе остане иста и никој нема да се збогати. Но несомнено е дека постои силна поврзаност помеѓу двата феномена, најверојатно во форма на заеднички фактор што истовремено позитивно влијае и на економската состојба и на прифатеноста на геј луѓето и уметниците во урбаните центри. За да ја објасни оваа поврзаност, професорот Флорида ја создаде теоријата на креативната класа, според која во новата економија, креативноста и иновацијата се најважниот човечки капитал кој одредува кои земји и градови ќе можат успешно да конкурираат и просперираат во глобалната економија. Денес, повеќе од кога и да било, идеите, а не големите производствени капацитети, се тие што носат пари, бидејќи во ерата на дигиталната информација стана многу лесно добрата идејата да има глобално економско и културно влијание. Доволно е само да се погледне листата на најуспешни компании во последните години: Apple (идеја за дизајн), Google (идеја за организирање на информации), Facebook (идеја за интернет страница), Microsoft (идеја за софтвер).

Но од каде доаѓаат идеите? Зошто секогаш се чини дека добрите идеи се случуваат само на одреден број места (Америка, или уште поконкретно – Калифорнија), иако сите луѓе во светот имаат мозок, што значи и еднаков капацитет да им текнуваат работи? Очигледно, мозокот не е доволен; потребен е и креативен талент за да може на мозокот „да му текне“. Креативниот талент може да се најде во изобилство кај т.н. креативна класа: збирштина од млади иновативни научници, инженери, дизајнери, забавувачи, кои ги привлекува истиот тип на еклектични, динамични места каде што геј луѓето и уметниците се собираат. Оние градови кои најсоодветно може да одговорат на потребите на креативната класа, да ги задоволат нивните софистицирани вкусови, да ги прифатат нивните нетрадиционални животни стилови, тие се и најатрактивни за талентираните млади имигранти. Денес светските метрополи како Њујорк, Сиетл, Сан Франциско, Амстердам, Даблин, Лондон, Барселона итн. се натпреваруваат да го привлечат кремот на светскиот талент од секаде во светот. А кога младите креативци одлучуваат каде ќе одат да градат кариера, се чини дека како репер за отвореноста и привлечноста на едно место ја земаат геј и арт сцената што тоа ја има.

За да ја испитаме теоријава на домашен терен, направив една мини-анализа на геј-индексот на македонските градови наспроти просекот на платите. Геј-индексот го пресметав преку бројот на регистрирани корисници на геј-дејтинг сајтот gayromeo.com на секои 1,000 возрасни мажи за оние градови во Македонија во кои има поголема бројка регистрирани корисници (за жал само 7 такви). Значи, повисок геј-индекс означува поголем % зачленети мажи од дадениот град. Додека за просекот на платите апроксимативно е земен (expenditure-based) БДП по глава на жител за соодветниот град. И… та-дам, та-дам…немаше никакво изненадување – многу педантно излезе линијата на корелација на графикот.

Теоријата на Флорида држи и за Македонија. И без бројките, јасно ми беше и од лично искуство од големиот број на високо-образовани гејови од други градови кои сум ги сретнал, за кои најважна причина што дошле во Скопје е релативно поголемиот степен на gay-friendliness во „метрополата“. Веројатно како што има миграција кон Скопје, така има миграција и од околните села или помали градови кон други „регионални геј-центри“ како што се Битола или Охрид.

И уште побитно, како што има миграција на талентирани педери кон Скопје, така има и емиграција на уште поталентирани педери од Македонија кон белиот свет каде никој кур не го боли со кого се ебеш сè додека работата си ја извршуваш чесно, професионално и креативно.

Извор: sataniel.blog.mk

Zatoa GEM e tolku

Zatoa GEM e tolku prosperiteten i napreden.

ОкоБоли главаВицФото