Македонска (За неопходноста на тагата)

11.05.2021 20:26

До Солуна сто сомуна!
До Стамбола двесте лири!
До Москва, пак – триста мечти
И надежи и занеси, присобрани
Низ вековно падни-стани...
Најлесно е пат да фаќаш – вон своето.
Потешко е да се враќаш - кон своето.
Треба сила – добра сила, многу сила,
Позајмени орел-крила
И расцутен страк на тага
За родната грутка драга,
До која и пеш ќе втасаш
Успееш ли да ја повјасаш!

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото