КСП „Центар - Јадро“: Онлајн концерт на раперите Кацар и Џоле од Токсиколози

14.05.2021 11:37
КСП „Центар - Јадро“: Онлајн концерт на раперите Кацар и Џоле од Токсиколози

КСП Центар Јадро продолжува со својата серија на онлајн концерти. Во сабота (15 мај) во 18 часот ќе настапат Кацар и Џоле од рап колективот Токсиколози, а како гостин ќе се појави и младиот рапер Викса од екипата 412.

Настанот ќе може да се следи на Фејсбук профилот на КСП „Центар - Јадро“ или директно на овој линк.

Александар Кацарски - Кацар е член на групацијата „Токсиколози" и соло ХипХоп артист од Скопје. Својата кариера ја започнува во 2004 година и е активен на ХипХоп сцената до денес. Претходно, од 2008 до 2013 година беше и член на групата „Токсикологија" каде што остави свој печат. Во својот авторски каталог има многу песни, спотови, компилации, гостувања и албуми како што се: „Жими ја" , „Пушти глас" , „Чекераукц", „База 903" итн. Со голем број настапи во живо низ Македонија и надвор од неа, се стекнува со искуство и на тие настани го покажува својот енергичен начин на рапување во живо, пред публиката.