Момент на безгрижност

15.05.21 13:38

Кога ви ја мијат косата во фризерски салон е еден од оние безгрижни моменти во животот. За својот проект насловен „ASMR“, турскиот фотограф Сихан Инчу (Cihan Öncü) решил да ги фотографира луѓето во моментите кога со шампон и регенератор им ги масираат скалповите, фаќајќи ги нивните изрази додека привремено лебдат далеку од нивните грижи.

„Еден од мој пријател има фризерски салон, па го прашав дали може да дојдам во салонот и да направам неколку фотографии. Поминав седум месеци во салонот, запознавајќи ги луѓето и сликајќи нивни портрети. Отпрвин беа збунети заради камерата, но ги замолив да се преправаат како не сум таму и да уживаат во моментот. Фотографирав многу различни карактери, секој со свои реакции и изрази. Масажата на главата го забрзува протокот низ целото тело што предизвикува релаксираност и момент на контемплација. Изразите на лицето се многу интересни. Во тој момент луѓето се невини, искрени и пријатни“, објаснува авторот.

Извор: wepresent.wetransfer.com

Слични содржини

Јавни простори / Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Наука / Око
Фотографија / Екологија / Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото