Друштво

19.05.2021 12:28

Утринава ме разбуди дождот на стаклото.
И сфатив дека веќе долго време
сум го избирал лошото кога сум можел да бирам.
Или, просто кажано, најлесното.
Наместо доблесното. Или тешкото.
Вакви мисли ми навираат
кога сум сам по цели денови.
Како сега. Часови поминати
во сопственото тапо друштво.
Часови и часови
ко некаква тесна соба.
Со само една черга за газење.

Превод: Магда Ориѓанска

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото