1002 hPa
81 %
9 °C
Скопје - Сре, 17.04.2024 20:59
Совржена: Ах, кадe е мојто бидѐ?
Стрижам овци. Цена по волна.
Го пораснав од маж во прекрасно дете.
Пар ексељак.
Ене го оној што ја доведе другарка ми до селфи стап.
Чувај ја ко капка на дланка за да не ти ја прелее чашата.
Дечко, дали си германска куртоазија, пошо би те.
Пишувам за пошироката јадност.
Не се мои солзиве, крокодилски се.
Се залагам за слободата на избрзување.
Сѐ ќе прифатам, ама да е мој избор.
Ги заменив сите ветувања со дајбожеа.
Си дојдов на себе, ама не сметав дека ќе треба да останувам толку долго.
Толку се надминав себе што дното ме допре мене.
Алергична сум на опуштеност - нема комфор зона од која се немам исфрлено.
Нормално дека правам почетнички грешки, та не сум заостаната!
Глупост е да сакаш да ти излезе в пресрет некој кој бега од себе.
Извини што ти изгледаше дека трчам по тебе дур бегав од себе.
Ти чувам место до мене на полициски час.
Каде беше до сега во мојот живот? Веќе го напишав тестаментот.
Го испуштив автобусот од раце.
На колку ти има проодено машината за перење?
Бумер што упорно се враќа на истата тема: Бумеранг.
Багра е дрворед од багреми.
Радијаторката настанала од ребро.
Ехото на средната топка од снешкото покажа дека се работи за сезонска детска радост.
Смев и кикот се натпреваруваат во скокот во широчина.
Слики: Yuval Robichek