Колонијално угнетување

21.05.2021 12:01
Колонијално угнетување

На 10 мај, на крајот на денот, палестинските вооружени групи, главно поврзани со Хамас, испукаа неколку стотици ракети од Појасот Газа. Истото утро, на 10 мај, израелските воени сили брутално интервенираа на платото пред џамијата во Ерусалим (500 ранети), а Хамас се закани дека ќе истрела ракети ако наведените вооружени сили не се повлечат од областа. Тие останаа.

Оттогаш постојано слушаме повици за „смиреност“, повикувaње сите актери да покажат најголема воздржаност и да се воздржат од каква било провокација со цел да се овозможи „смирување“ што е можно поскоро. Јасно е дека треба да се вратиме на ситуацијата пред 10 мај.

Еве некои бројки што ја одразуваат „смиреноста“ на која некои се повикуваат:

Помеѓу 1 јануари 2019 година и 10 мај 2021 година, израелските вооружени сили убија најмалку 167 Палестинци (споредено со 12 убиени Израелци).

Помеѓу 1 јануари 2019 година и 10 мај 2021 година, Израел уништи најмалку 330 палестински домови, оставајќи без покрив над главата речиси 1.200 луѓе, од кои 50 отсто се деца.

Помеѓу 1 јануари 2019 година и 10 мај 2021 година, Израел уапси повеќе од 11.500 Палестинци, вклучувајќи и повеќе од 1.500 малолетници.

Помеѓу 1 јануари 2019 година и 1 јануари 2021 година, бројот на еврејски доселеници на Западниот брег се зголеми од околу 438.000 на околу 475.000 (зголемување од 8,5 отсто). Ако се вклучат имигрантите од „Источен Ерусалим“ (околу 230.000), границата од 700.000 е надмината.

Помеѓу 1 јануари 2019 година и 1 април 2021 година, имигрантите извршија повеќе од 1.200 напади врз Палестинците и/или нивниот имот (продавници, полиња и сл.). Тоа во просек е повеќе од еден на ден.

Овие бројки ја илустрираат секојдневната состојба што ја доживуваат Палестинците: насилство, протерување, апсења и конфискација на имот. И покрај бројките, би можеле да зборуваме за дневните проверки на контролните пунктови за секој што сака/мора да се движи, понижувањата нанесени на овие контролни пунктови или сеприсутноста на израелската армија, чија цел е да потсети кој е господар.

Истите контроли од ден на ден покажуваат тотален недостаток на слобода на движење, оставено на добрата волја на израелските власти кои можат произволно да ги менуваат правилата преку ноќ и со тоа да му забранат било кому да патува.

Да не зборуваме за блокадата на Појасот Газа, која трае повеќе од 15 години, со два милиони луѓе заробени на површина од 365 км2, од кои повеќе од половина живеат под прагот на сиромаштијата и 80% зависат од хуманитарна помош од храна.

Да не зборуваме за институционализираната дискриминација на Палестинците во Израел и Палестинците во Ерусалим, за која „Human Rights Vatch“ сега зборува како за „злосторство на апартхејд“ - исто како за Палестинците од Западниот брег и Газа.

А да не ги забораваиме и милионите палестински бегалци на кои Израел им забранува да се враќаат на својата земја, додека истовремено редовно се повикуваат Евреите од целиот свет да се населат во Израел, Ерусалим и на Западниот брег.

Ова е тоа што тие го нарекуваат „мирно“. Ова всушност се нарекува колонијално угнетување и против ова угнетување се бунат Палестинците, за да го потсетат светот дека имаат права и дека немаат намера да се откажат од нив.

Тие ја заслужуваат нашата целосна поддршка, додека поборниците на колонијалното „смирување“ не заслужуваат ништо друго освен нашиот презир.

Julien Salingue е француски политиколог.

Извор: Radnička Fronta

Слични содржини

Свет / Став

ОкоБоли главаВицФото