Винтиџ сликовници - „Меделин“

21.05.21 13:03

„Меделин“ е сликовница од 1939 година, напишана и илустрирана од Лудвиг Бемелманс (Ludwig Bemelmans), прва во серијата од вкупно единаесет книги. Со оглед на нејзината популарност, се вбројува меѓу најголемите класици на литературата за деца. 

Сликовницата „Меделин“ го добила признанието „Caldecott“ во 1940 година, а една од серијалот сликовници, „Спасувањето на Меделин“, ја освои и првата награда на „Caldecott“ во 1954 година.

Приказната се случува во интернат во Париз. Воведните реченици се повторуваат на почетокот на секоја сликовница од серијалот: 

Во една стара куќа во Париз
што беше покриена со винова лоза
си живееле дванаесет мали девојчиња.

Меделин е најмалото од девојчињата, има седум години и е единствена црвенокоса. Таа е најхрабра од девојчињата, постојано ѝ задава главоболки на госпоѓица Клавел, обиколувајќи го градот и правејќи секакви лудории. 

Извор: Wikipedia