Помеѓу реалноста и фикцијата - фотографии

24.05.21 13:57

Француската фотографка Летиција Ле Фур (Letizia Le Fur) создава концептуални фотографии проткаени со длабок емотивен набој. Евоцирајќи чувство на надреализам, нејзините фотографии на гледачите им овозможуваат да замислат приказни.

Фотографскиот пристап на Ле Фур го потенцира нејзиниот интерес за сликањето и воодушевувањето од боите. Нејзината крајно лична употреба на боите и текстурите не додава само длабочина и шарм на нејзините слики, туку создава сцени кои поттикнуваат на размислување. Некаде помеѓу реалноста и фикцијата, нејзините волшебни фотографии генерираат сопствена напнатост и мистерија, проектирајќи ја емоционалната намера во имагинацијата на гледачот.

Извор: ignant.com

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото