1013 hPa
39 %
26 °C
Скопје - Нед, 10.05.2026 15:59
Мајка ми ни забрани да одиме назачки. Така одат мртвите, ни велеше. Од каде ѝ беше таа идеја? Можеби од некој лош превод. Мртвите, сепак, не одат назачки, туку крај нас. Тие немаат бели дробови и не можат да нè викнат, иако би сакале да се завртиме. Жртви на љубов, многумина од нив се баш тоа.
Превод: Магда Ориѓанска