ПОСТИГНАТ КОМПРОМИС ЗА КИРИЛ И МЕТОДИЈ: Биле македонски гастарбајтери со бугарски пасош

25.05.2021 12:27
ПОСТИГНАТ КОМПРОМИС ЗА КИРИЛ И МЕТОДИЈ: Биле македонски гастарбајтери со бугарски пасош

Само еден ден после празникот во нивна чест, мешовитата историска комисија составена од македонски и бугарски експерти постигна согласност околу националниот идентитет на просветителите, свети Кирил и Методиј.

- Среде жестоки расправии, кога изгледаше дека спорот никогаш нема да заврши, наеднаш се просветливме. Следејќи го нивниот животен пат, тој неверојатно наликува на нивните денешни наследници. Се раѓаат на македонска територија, одат во Софија по бугарски пасош и на 20ина години бегаат во Европа. Исто како и браќата! - се вели во заедничкото соопштение на комисијата.

Веднаш по постигнувањето на договорот во Скопје се изваден изводи, а во Софија се изработени пасошите за Кирил и Методиј и тие во најскоро можно време ќе бидат испратени во Рим, со цел претседателите Радев и Пендаровски, да ги остават на нивниот гроб.

Извор: kooperacija.mk

ОкоБоли главаВицФото