Женски линии

27.05.21 11:46

Израелската уметница, дизајнерка и илустраторка Шира Барзилај (Shira Barzilay), со уметничко име Кокетит, создава апстрактни цртежи поставени врз фотографии. Нејзиниот посебен стил ја слави женската форма преку минималните контури на женските лица и тела.

„Уште од рана возраст, ме привлекуваа женски лица и силуети. Како дете, цртав многу лица и модни фигури и ги боев, а потоа со сестра ми игравме со нив како да се барбики“. Нејзината љубов кон модата се појавила откако ја добила на подарок книгата за Версаче. Преку модата Кокетит ги истражува стилот и убавината преку цртежот и линијата. „Со годините, сфатив дека сè помалку ме интересира  фигуративноста и експересијата, можеби со зрелоста наоѓам повеќе значење во минималистичкиот пристап“, објаснува таа.

Извор: ignant.com

ОкоБоли главаВицФото