Животот е убив

27.05.2021 17:14
Животот е убив

 

Животот е убив.


Монотонијата ИСТОштува.


Малтене е две отприликиња.


Малтене е село во Амигдала.


Толку ми натежнува главата што времето ми станува простор.


Ало полиција, помина рокот на црвено.


Од сите неа, ова е најне.

Животот се служи во крвни садови.


Болеста дојде да ме запознае со себе.


Грижата е наплив на проблемоции.


Стравосаурусите датираат уште од параноикот.


Реалноста не знае што да прави со мене.


Се тешам со некои поранешни верзии од себе.


Доста беше, ќе мењам хороскопски знак!

Пиши Попокатепекол, да не ќе примети некој.


Аргументирање е за сиромашни.


Ѓаволите пред Божик слават Адник.


Рајот на копитарите е пеколот на апостолките.


Си приметил дека рајот малце звучи ко раат?


Пази кај го оставаш виолинскиот клуч, некој може да ти ја украде музиката!

- Дали мислиш дека сите се исти?
- Не, ама исто ми се фаќа.

 

- Да се соблечам?
- Не знам, како слакаш.

 

- Извини што те изгребав.
- Извини што не сум ти добитна комбинација.

 

м: Фали ш.
ш: Фала м.


Слики: Tom Seidmann-Freud - Die Fischreisee

ОкоБоли главаВицФото