Почина илустраторот Ерик Карл

28.05.2021 12:43
Почина илустраторот Ерик Карл

На 91 -годишна возраст почина познатиот американски илустратор на сликовници и книги за деца, Ерик Карл, творецот на сликовницата „Многу гладната гасеница“.

Сликовницата првпат била објавена во 1969 година и оттогаш се вбројува во една од најпродаваните сликовници на сите времиња. Ерик Карл, како илустратор почнал да работи на 40-годишна возраст и е автор на илустрациите на повеќе од 70 сликовници и книги за деца.

Во неговите сликовници честопати инсектите ја имаат главната улога: пајаците, буба марите, штурците и славната гасеница. Љубовта кон природата му ја всадил татко му кој во детството често го водел на прошетки во природата, му ги покажувал гнездата на птиците, лисиците и другите мистерии интересни за детските очи.

Родителите на Ерик Карл биле имигранти од Германија и решиле да се вратат назад токму пред почетокот на Втората светска војна. „Во војната немаше бои, сè беше сиво“, ќе се потсети Карл многу години подоцна. Татко му бил регрутира од нацистите и загинал во руски логор, а веднаш по војната Ерик се вратил во САД, каде дипломирал уметност и се вработил во „Њујорк тајмс“ како илустратор. Подоцна ќе работи во одделот за маркетинг и паралелно како илустратор на сликовници.

Во 2002 година, во Амхерст, Масачусетс го основал „Музејот на Ерик Карл за уметност на сликовниците“.

Во 2019 година на 50 - годишнината од објавувањето на сликовницата „Многу гладната гасеница“, професорката Мишел Х. Мартин напишала дека оваа сликовница им најмногу помага на малите деца да ги разберат концептите како што се броевите и деновите во неделата.

 Извор: npr.org

Слични содржини

Живот / Уметност
Графички Дизајн / Книжевност
Графички Дизајн / Наука / Живот
Општество / Свет / Живот

ОкоБоли главаВицФото